Скопјанката Моника Јовановска, која беше дел од српското реално шоу „Задруга 5“ преку својот профил на Инстаграм се закани дека ќе ги објави сите политичари кои ѝ пишуваат пораки и ѝ праќаат разни понуди.

Имено, таа во својата „стори“ објава вели дека ѝ нудат пари, автомобили, дека ѝ праќаат фотографии (најверојатно мисли на интимни) и на крајот им порача дека се срам за Македонија.

Инаку,Моника беше актуелна во српските медиуми пред неколку месеци, кога неколку портали објавија нејзина наводна интернет комуникација со непознато момче.

Она што можете да го видите преку преписката е дека Моника двапати му кажува на момчето со кое се договара дека услугите чинат 400 евра, а дополнително од неа се бара да ги донесе и пријателка.
