Само три детали на неа вредат речиси 4.000 евра!

Розевиот фустан ја истакна нејзината витка фигура, но длабокото деколте и прекраткото дно открија многу

Поп дивата Јелена Карлеуша отпатува со приватен авион во Бањалука, а со својата нова фотографија и жешкиот стајлинг во оскуден, розов мини фустан, започна лавина од коментари.

Јелена позираше пред приватен авион во мини фустан со деколте до папокот, но некои други детали овојпат го привлекоа посебното внимание на нејзините следбеници.

Розевиот фустан ја истакна нејзината витка линија, но длабокото деколте и прекраткиот долен дел открија многу, но и докажаа дека Јелена и понатаму е тврда девојка на линијата.

Но, три детали на него особено привлекоа внимание - три брендирани парчиња чија вкупна цена е речиси 4.000 евра.

Имено, Јелена донела бела чанта „Balenciaga“ која чини 1.650 евра, очила од познат светски бренд од 700 евра, но и вртоглаво високи потпетици чија цена е 1.440 евра.

Коментари

Популарно