Валандово овој викенд спрема спектакл за сите љубители на спортот!

Во Валандово оваа година ќе се одржи тродневен спортски спектакл. Од 26ти до 28ми август ќе се одржи турнир во уличен баскет.  Веќе традиционалниот турнир во баскет 3х3 оваа година ќе биде одобрен од ФИБА (en. FIBA endorsed) со што практично организаторите го следат светскиот тренд на 3x3 баскетот, кој од последните олимписки игри е официјално прогласен за олимписки спорт. 

На турнирот ќе учествуваат тимови од цела Македонија. Остануваат само уште неколку празни места. Да се пријави за учество може секој кој го сака уличниот баскет, без разлика дали сте активен кошаркар или рекреативец. За најдобрите 3 екипи следуваат парични награди, ќе има натпревари во шутирање за 3 поени, а секој ден ќе има и награди за публиката. 

За да регистрирате тим, треба да биде регистрирате на сајтот на фиба, на следниот линк .

https://play.fiba3x3.com/.../9dcfa448-554b-42b6-9d6f...

Секој играч треба да направи индивидуален профил, со свој email, и да го потврди. Потоа еден од играчите како капитен ќе треба да го регистрира тимот, преку Register Team копчето, и да ги одбере членовите на тимот.

Во врска со правилата за FIBA 3x3, погледнете го следното видео

https://www.youtube.com/watch?v=bN6LywHcihI.

За жал во Македонија, бројот на вакви турнири е далеку помал од настаните организирани во соседните држави и ширум светот, така да искрено ве покануваме да учествува и да гледате, и да почуствувате адреналинот на овој спорт.

За дополнителни информации контактирајте не во порака на профилот на организаторот https://www.facebook.com/profile.php?id=100071569822747 или пак на телефонскиот број 078/646-666

Се гледаме на терените!

Коментари

Популарно