Познато зошто македонското знаме не се најде во кореографијата на навивачите на Трабзон

Неверојатната кореографија на навивачите на Трабзон на натпреварот од Лига Европа против Базел (1:0) привлече огромно внимание минатата недела.

Имено, приврзаниците на турскиот тим сликовито опишаа низ што поминала нивната земја по разорниот земјотрес.

Во кореографијата е претставен спасител кој вaди дете од урнатините. Заедно со знамето на Турција и симболично помали знамиња на многу земји кои испратија спасувачи во оваа земја.

Но, таму немаше македонско знаме, иако нашите спасувачи беа во Турција. Многумина се прашуваа зошто е тоа така, а еден од луѓето вклучени во креирањето на кореографијата понуди објаснување:

– Немаше намера во недостатоткот на сите знамиња. Брзавме бидејќи бевме многу ограничени со времето. Ненамерно ги заборавивме знамињата на некои земји – изјави Муахамед Јазиќи.

Следуваше извинување:

– Благодарни сме на сите што и помогнаа на нашата земја, не поддржаа и спасија животи. Како група испративме порака со извинување за овој инцидент.

Коментари

Популарно