Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата наутро ќе биде од 0 до 7, а во текот на денот од 11 до 21 Целзиусов степен.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер.
Температурата во текот на денот ќе се искачи до 21 Целзиусов степен.