Дневен Хороскоп

Овен

Не верувате во разните ветувања кои ве опкружуваат. Мора максимално да се ангажирате и самите да си помогнете во наоѓање на решение. За очекување е стагнација па поради тоа не се обидувајте да почнете никаква работа.

Бик

Чекате промени кои се повеќе ви се ближат. И како обично, минутите стануваат години. Нетрпеливоста ве пореметува, неопходно е да најдете начин да се релаксирате. На пример попладнето минете го во кругот на саканите личности и пријатели.

Близнаци

Некои фамилијарни обврски не сте ги исполниле на време, па дојде момент кога веќе нема одложување. Наместо да се лутите на себе што сте го дозволиле тоа, веднаш „фрлете“ се на работа, а анализата оставете ја за некој друг ден.

Рак

Ве интересира некоја нова љубов, и моментално пробувате да се фокусирате на неа. Немојте да се залетувате во нови авантури доколку не сте расчистиле со некоја особа од минатото. Спомените кои ве мачат може да станат непремостлива пречка за нова романса.

Лав

Расеани сте. Ве опкружуваат грижи кои самите сте ги смислиле и ги решавате проблемите кои понатаму би можеле да се случат. Вашата деконцентрираност и однесувањето на работа може многу да ве чинат, па подобро благовремено тргнете ја реалноста од мечтата.

Девица

Добар дел од денот го минувате во преиспитување што сте можеле во далечното минато поинаку да решите. Свретете се кон блиските и послушајте што имаат да ви кажат. Засилена физичка активност може да ве рехабилитира, особено долга прошетка или трчање.

Вага

Се ближи моментот на реализација на некои проекти и шанса за потпишување на нов договор. Сепак, чувајте го трпението и одложете ги завршните потези, затоа што иако се оди според планот, не се остварени сите предуслови да ставите точка на се.

Шкорпија

Вклучени сте во сите случувања околу вас. Чувството дека сте повикани да реагирате на се е резултатот на вашето непотребно мешање во туѓите проблеми. Тоа не ви пречи, но сега сте уморни. Не се лутите, размислете колку е вашата одговорност во сето тоа.

Стрелец

Премногу давата на зчаење на луѓе кои ви судат само од здодевност. Вашата љубовна врска е само ваша, и за неа не треба да води сметка целата околина. Ако занемарите што другите зборуваат, ќе сфатите дека на вашата врска ништо не и недостасува.

Јарец

Пред вас е лекција во која мора да ја совладате вашата колебливост и несигурност. Тоа се особините кои често ви оневозможуваат да поентирате, па дури и тогаш кога сте сигурни дека сте во право. Верувајте во себе, немојте да се секирате што другите мислат за вас.

Водолија

Мечтаете и полни сте со идеи. Доброто расположение, на кратко, може да ви го расипе еден телефонски повик кој не го очекувавте. Вестите кои ќе ги чуете ќе бидат чудни, а вам не ви преостанува ништо друго освен да ги слушате и што побрзо да ги заборавите.

Риби

Конечно може да донесете одлука, иако тоа е ваш најголем проблем. Победете ја својата колебливост и прифатете ја одговорноста. Избегнувајте караници со машки лица. Во љубовта немојте да одложувате, вистински момент да заземете цврст став.

Коментари

Популарно