Студија: Намирниците кои го чуваат здравјето – можат да го продолжат животниот век благодарение на својот состав

Одредена храна е исклучително добра за човековото здравје, советуваат докторите, а тоа го знаат и луѓето.

Одредени антиоксиданти имаат способност да активираат единствени гени кои се поврзани со подолг животен век, а меѓу нив е и кверцетинот.

Кверцетин е флавоноид од растително потекло којшто се наоѓа во овошјето, зеленчукот и чаевите, особено во јаболкото, цитрусите, кромидот, магдоносот и жалфијата.

Маслиновото масло, грозјето, црешите, боровинките и аронијата исто така се богати со кверцетин и други флавоноиди.

Познато е дека кверцетинот поседува повеќекратни биоактивни својства кои делуваат како актиоксиданси и антифламаторно.

Авторите на студијата објавена во магазинот „Molecules“ навеле дека антиоксидативната активност на ова соединение се покажала корисна во лекувањето на различни здравствени проблеми.

За истражувањето бил користен дериват кверцетин за проучување на срцева дисфункција, отстранување на слободните радикали и намалената оксидација на липидите.

Освен што може да го продолжи животниот век, ова може на кверцетинот да му даде улога во намалување на коагулацијата, хипергликемијата, воспаление и хипертензија.

Растителните лекови како што се кантарион, брусница исто така содржат кверцетин.

Освен низ исхраната, кверцетинот може да се внесува по пат на суплементи. Оралната дневна доза на кверцетинот во форма на капсула во бројни клинички студии се движи од 200 милиграми до 1500 милиграми, два пати дневно, во зависност од состојбите за кои се користи.

Коментари

Популарно