Снеже Велков за родниот град: „Во Македонска Каменица беше радост да се качиш во лифт, има само 4 во цел град“

На четврто место се лифтовите во десеткатниците. Да, во Каменица постојат само 4 лифта, по два во секоја десеткатница, а тоа се највисоките згради во градот.

Па, не знаете каква радост беше тоа кога ќе се качиш да се возиш. Стравот беше голем, ама желбата да докажеш дека си храбар - посилна од сè.

Лифтовите беа тест за храброст кај нас децата. Со тој што се возел во лифтот нема закачање, а тој што не влегол значи уште е плачко.

На Македонска  Каменица секогаш ќе ме асоцира и петок - пазарен ден, а и ветувачки ден за многу од нас децата.

Што и да недостасуваше дома или имавме желба да купиме – одговорот (а можеби и изговорот) од дома беше: „Ќе се купи во петок“.

Мајките излегуваа на пауза од работа за да успеат да ја одберат најубавата роба (овошје и зеленчук), а ние децата без многу елан моравме да помагаме и да носиме кеси и корпи.

Но, секако со желба да се покажеме за да добиеме играчка или некое парче гардероба. Ако тоа изостанеше, надежта не умираше - па за 7 дена доаѓа нов петок“.

Коментари

Популарно