Објавени снимки од движењето на возилата со кои е грабната Вања

Снимки на кои се гледа движењето на возилата „цитроен“ и „рено кангу“ со коишто беше киднапирана малолетната Вања Ѓорчевска, објави вечерва Портал икс.

Порталот прави анализа на времето кога е убиена Вања.

-Во 07:55 двете возила кои го извршиле грабнувањето и убиството на Вања поминуваат на улицата број еден во населба Визбегово. Во анализа на снимките, се гледа дека во возилото Цитроен каде што била Вања, освен шоферот има уште едно лице на совозачкото седиште, а двајцата носат црни капи. Во 09:37 возилото е запалено и чадот на снимката доаѓа од местото каде што е најдено возилото, анализира порталот.

Населбата Визбегово се поврзува со селото Бразда каде што и е пронајдено телото на Вања.

Според институциите, Ѓорчевска на 27 ноември била киднапирана со возило „цитроен“, одземено од 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, убиен од истиот убиец.

Цело време со „цитроенот“ се движело возило „Рено кангу“. Отишле надвор од Скопје, го извршиле убиството, го закопале девојчето во скопско Бразда и го запалиле „цитроенот“.

Во продолжение, погледнете го видеото:

Коментари

Популарно