Објавени снимки од движењето на возилата со кои е грабната Вања

Снимки на кои се гледа движењето на возилата „цитроен“ и „рено кангу“ со коишто беше киднапирана малолетната Вања Ѓорчевска, објави вечерва Портал икс.

Порталот прави анализа на времето кога е убиена Вања.

-Во 07:55 двете возила кои го извршиле грабнувањето и убиството на Вања поминуваат на улицата број еден во населба Визбегово. Во анализа на снимките, се гледа дека во возилото Цитроен каде што била Вања, освен шоферот има уште едно лице на совозачкото седиште, а двајцата носат црни капи. Во 09:37 возилото е запалено и чадот на снимката доаѓа од местото каде што е најдено возилото, анализира порталот.

Населбата Визбегово се поврзува со селото Бразда каде што и е пронајдено телото на Вања.

Според институциите, Ѓорчевска на 27 ноември била киднапирана со возило „цитроен“, одземено од 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, убиен од истиот убиец.

Цело време со „цитроенот“ се движело возило „Рено кангу“. Отишле надвор од Скопје, го извршиле убиството, го закопале девојчето во скопско Бразда и го запалиле „цитроенот“.

Во продолжение, погледнете го видеото:

Мицкоски: Не прифаќам диктати од Бугарија - нема да Ве засрамам

Во организација на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одржа говор на настан по повод, 80 години од ослободувањето на Скопје. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, се осврна и на проблемот со Бугарија. Мицкоски истакна дека сега Македонија има власт која ги штити македонските државни интереси.

„Различни импулси на збунетост доаѓаат од опозицијата која еднаш вели дека прифаќаме француски предлог, а другиот пат викаат дека сме против европската иднина, а всушност тие ја гледаат ненаучената лекција дека денес има влада, која ги штити македонските државни интереси и со цела сила се обидувам да издејствувам фер и достоинствено решение и барам шанса Европа да ги слушне нашите аргументи“, истакна Мицкоски.

Мицкоски појасни дека лагите кои што ги изнесуваше СДСМ за уставните измени, ниту се случија, ниту пак ќе се случат. „Додека беа на власт, секој ден лиферуваа информации дека само што не сме попуштиле и ете сега некои наши пратеници ќе гласале за францускиот предлог“. Мицкоски дополни дека вложува труд, да се стави македонското прашање и нашата европска иднина на маса и да се разговара за фер решение.

Во однос на Бугарија, Мицкоски потенцираше дека нема да се прифаќаат секакви уцени и диктати, како што било пример изминативе години.

„Даваме се од себе, имаме интензивна комуникација со нашите стратешки партнери, но сум сигурен, тоа да бидете и Вие сигурни, дека нема ништо да прифатиме поради кои ќе Ве засрамам Вас народот и пред и над се Македонија“, заклучи Мицкоски.

Проверете си ги сметките, почна исплатата од „Мој ДДВ“

Започна исплатата на Мој ДДВ за третото тромесечје од годинава. 

Висината на средствата кои ќе им „легнат“ на сметка на граѓаните зависи од тоа колку сметки успеале да соберат и скенираат, а максималниот износ е 2.100 денари.

До крајот на неделата се очекува кај сите граѓани кои скенираат, парите на сметките да легнат.

Сиљановска-Давкова отповика седум амбасадори

Седум амбасадори се отповикани од функцијата со укази на претседателката Гордана Сиљановска - Давкова, кои се објавени вчера во Службен весник.

Како што може да се види од објавените укази, станува збор за повлекување на амбасадорите на Северна Македонија во НАТО, Дане Талески, на Данчо Марковски од Албанија, на Фатон Бејта од Данска, на Сали Лимани од Казахстан и од Катар на амбасадорот Шабан Јашари. 

Отповикувани се и амбасадорката Теута Агаи Демјаха, која е шефица на Постојната мисија на Северна Македонија во ОН во Женева и амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова.

Согласно указите, мандатот на Талески во Постојаната делегација на Република Северна Македонија при НАТО, со седиште во Брисел престанува заклучно со 14 јануари, 2025 година, а на останатите амбасадори заклучно со 30 ноември, годинава. 

Указите стапуваат во сила со нивното објавување во Службен весник, а ќе ги изврши министерот за надворешни работи и надворешна трговија. 

Популарно