Михаела Трајковска во поткастот ЗА СЕ разговара двократниот македонски олимпиец и рекордер во пливање Александар Миладиновски.
Таа го распраша буквално за сѐ, од тоа како било на олимпијадите, како се однесувала државата кон него, зошто наместо да работи со македонски, тој подготвува деца од различни краеви на светот.
Миладиновски го сподели своето видување за неуспесите во спортовите, а посебно во пливањето во Македонија, но ѝ раскажа и каков е животот во Дубаи и во Шангај, каде последните 15-тина години работи како професор.
Убав муабет интересни пораки, кои се надеваме ќе стигнат кај пние што можат да ги применат.
Подгледнете го поткастот: