(Видео) Обезбедувањето на претседателот сакаше да влезе со пиш*оли во олимпиското село

Михаела Трајковска во поткастот ЗА СЕ разговара двократниот македонски олимпиец и рекордер во пливање Александар Миладиновски.

Таа го распраша буквално за сѐ, од тоа како било на олимпијадите, како се однесувала државата кон него, зошто наместо да работи со македонски, тој подготвува деца од различни краеви на светот.

Миладиновски го сподели своето видување за неуспесите во спортовите, а посебно во пливањето во Македонија, но ѝ раскажа и каков е животот во Дубаи и во Шангај, каде последните 15-тина години работи како професор.

Убав муабет интересни пораки, кои се надеваме ќе стигнат кај пние што можат да ги применат.

Подгледнете го поткастот:

Фото: Нашите освојуваат награди и во Кореја

Машински Факултет Скопје издаде соопштение  во врска со учеството на меѓународна изложба во Кореја и постигнатиот огромен успех, помеѓу другото наведуваат:

„Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ кој е остварен од страна на нашите студенти: Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ, заедно со вон. проф д-р Иле Мирчески и дип. маш. инж. Тошко Ристов на 12-та по ред меѓународна изложба  „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја во периодот од 20 до 23 јуни 2019, во организација на Корејската асоцијација за жени пронајдувачи KWIA и поддршка од Корејскиот завод за интелектуална сопственост KIPO и светската организација за интелектуална сопственост WIPO се здоби со следните награди:

- Златен медал од страна на Меѓународната комисија составена од експерти во дадената област

- Златен медал со диплома од страна на Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија

- Диплома за најдобар пронајдок од страна на Центар за Жени иноватори на Узбекистан.

Честитки за македонските иноватори.

Фото: Браќата имаат „добри“ сопатнички

Фолк пејачите Саша и Дејан Матиќ покрај с воите успешни музички кариери можат да се пофалат и со успешно семејство кое го имаат зад себе.

Браќата се среќно оженети и имаат по две деца.

Саша Матиќ се оженил во 2003-та година со Анџела Матиќ која е негова најголема поддршка во животот.

Саша и Анџела се горди родители на двете ќерки Александра и Тара кои не ги покажуваат во јавноста.

Дејан се оженил многу подоцна во 2012 година заедно со Јелена со која претходно бил во врска неколку години.

Парот ги имаат синовите Зоран и Константин.

Инаку интересно е тоа што неговата сопруга се има појавено и во песната „Она је моја“ во 2013 година.

(Видео) Полицијата запрела жена, а таа се тркалала по улица

Вирално видео од жена која полицајците ја запираат и тераат да се движи стана хит на социјалните мрежи. Снимката трае десетина минути и прикажува жена и двајца полицајци кои ѝ рекле да се исправи и движи.

Жената толку била пијана што паднала и почнала да се тркала по асфалтот. Не успеала да стои на нозе, а полицијата имала проблем да ја крене.

Се мачеле, ја фаќале за нозе и потоа жената некако се исправила. Се можете да видите на снимката која привлече големо внимание на интернет:

Популарно