Во третата епизода на подкастот „На каде одиме?“ имаме задоволство да разговараме со Јована Кртолица, тим лидер во Allianz Technology и Stakeholders Director во Women in Tech.
Јована ни открива како изгледа нејзиниот пат до ИТ секторот, како се гради кариера во технологијата и што значи да се биде лидер во динамична индустрија. Со години искуство во водење тимови, таа споделува кои се најголемите предизвици на една тим лидерка, како се мотивираат луѓето и како се справува со тешки ситуации за да тимот функционира на најдобар можен начин.
Еден од интересните делови од разговорот беше и споредбата на работната култура во Виена и во Македонија – како различните пазари и организации ги обликуваат очекувањата, стилот на работа и начинот на кој се гради тимска динамика.
Ниту една дискусија за технологија денес не е комплетна без да се зборува за вештачката интелигенција. Јована зборува за влијанието на AI во работењето, како таа го менува секојдневието на компаниите и луѓето, и кои се можностите и предизвиците што ги носи за иднината на индустријата.
Ова е разговор што инспирира и предизвикува размислување. Јована ни покажува колку е важно жените да бидат гласни, видливи и активни во технолошкиот свет, но и како секој од нас може да го најде својот пат кон раст и напредок во ИТ и иновациите.
🎧 Епизодата е достапна на YouTube и Spotify: