Во петокот на Виноскоп, кој се одржува кај молот ВЕРО видов една многу чудна ситуација. На вратата дојде лице со посебни потребисо количка, кое сакаше да влезе, но обезбедувањето го сопре и не му дозволи ниту да се доближи на местото на настанот. Само му ја истуркаа количката на страна и му рекоа дека не му е местото таму. Лицето со количка ги молеше да го пуштат, но не му дозволија да влезе. Е по тоа се разликуваме од земјите во ЕУ, таму не само што ќе го пуштеа да влезе туку обезбедувањето ќе го внесеше и ќе му набавеше пијалок.




Испратено од Виктор