Солунска Глава е планински врв во Македонија на планината Јакупица дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина, со височина од 2.540 м. Погледнете ја оваа македонска природна убавина видена преку објективот на Златко Божиновски:

Постои п0риказна дека при одлични временски услови од Солунска Глава може да се види градот Солун, поради и што се смета дека овој врв го добил и своето име



Експертите направиле истражување и анализа, дали навистина е возможно да се види Солун од овој македонски врв. При тоа откриле дека на одредени локации при добри временски услови, човечкото око може да види места на одалеченост и до неверојатни 500 километри

Солунска Глава е одалечена од Солун на 180 километри, но анализите покажале дека никако не е можно да се гледа тој предел затоа што на видикот смета планината Кожуф, што ја побива приказната дека од овој врв се гледа вториот по големина грчки град

Сепак од Солунска од Солунска глава се гледаат делови на Скопје и крстот на Водно, од задната страна.



На оваа планина има најразличен дивеч

Искачувањето на овој врв е прилично тешко, затоа не се препорачува за луѓе кои немаат сериозно планинарско искуство


Се зборува дека под планината Јакупица се откриени подземни води, кои Македонија би можеле да ја снабдуваат со вода за пиење во период од 200 години





Се гледа Солун или не од овој врв не е ни битно, Солунска глава е само доказ дека Македонија има прекрасни убави, кои доколку сте во можност треба да видите со голо око.
Испратено од Златко Божиновски