Како до (squirt) оргазам со прскање ?

Жените кои доживеале оргазам преку стимулација на клиторисот и длабока пенетрација мислат дека тоа е најдоброто и најинтензивното чувство кое што може да го доживеат. Сепак, врвот во женското сексуално искуство е во Г точката.

orgazam_1376516289_670x0

Таа уринира?!

Нешто слично како свршувањето кај мажите, оргазмот со прскање е исфрлање на течност од женското тело. Тоа е истата онаа течност со која што се подмачкува вагината кога жената е возбудена. Многумина кои не се запознаени со овој тип на оргазам не ретко мислат дека партнерката уринира, но во суштина станува збор за една сосема поинаква ситуација кога телото во состојба на оргазам ја исфрла течноста која што се насобрала во вагината поради стимулацијата на Г-точката.

Дали секоја жена може да прска?

Одговорот е потврден, сè додека мажот кој што ја спроведува техниката знае како да ја доведе својата партнерка до ваков тип на оргазам. На некои им успева од прва, додека на други им е потребно поголемо опуштање. Успехот зависи и од самата партнерка која треба да биде во состојба на целосна релаксираност.

Како до оргазам со прскање?

Лоцирај ја Г-точката – ова чувствително место се наоѓа на вагиналниот ѕид на длабочина од 4, 5 до 5 см. Ретко се стимулира за време на класичната пенетрација, па затоа е потребно да ја возбудите со помош на прстите.

Започнете со орален секс – најдобриот начин за започнување на техниката е преку орален секс. На овој начин ќе ја опуштите партнерката, а воедно ќе предизвикате навлажнување на вагиналните канали. Сепак, внимавајте сè уште да не ја доведете до оргазам.

Стимулација на Г-точката – со показалецот и средниот прст навлезете во вагината. Свиткајте ги во крива линија и движете напред назад додека не ја пронајдете точката.

Насочете ја партнерката –побарајте од вашата партнерка додека ја спроведувате техниката да ги стега и опушта вагиналните мускули додека вие го засилувате темпото.

Доколку не ви успее не се обесхрабрувајте туку обидете се повторно бидејќи на некои парови им успева веднаш, додека на други им треба повеќе вежбање.

Коментари

Популарно