Во 1992 година само 10 отсто од жените признале дека најмалку еднаш му допуштиле на партнерот да пенетрира во нивниот анален отвор во последната година, додека во 2010 година оваа бројка е двојно зголемена, односно на 20 отсто

Новото истражување, објавено во „Journal of Sexual Medicine“ покажало дека се повеќе жени практикуваат анален секс, но и бројот на хетеросексуални мажи кои уживаат во него е се поголем. Според податоците 20 отсто од жените на добри 18 и 19 години, барем еднаш пробале анален секс. На поголема возраст овој број е поголем, па така, овој број изнесува 40 отсто кај жените на возраст од 20 до 24 години кои практикуваат анален секс, но уште поинтересно е тоа што сите тие не остануваат на само еден обид, туку продолжуваат редовно да го практикуваат. Во 1992 година само 10 отсто од жените признале дека најмалку еднаш му допуштиле на партнерот да пенетрира во нивниот анален отвор во последната година, додека во 2010 година оваа бројка е двојно зголемена, односно на 20 отсто.
Посебно се интересни податоците за мажите. Околу 11 отсто од мажите на восраст од 20 до 24 години одговориле дека барем еднаш во животот некој пенетрирал во нивниот анален отвор. Овој број е нешто помал кај мажи на поголема возраст, но бројот на мажи кои практикувале анален секс од 1992 годиа исто така е удвоен. Тогаш тој изнесувал само два отсто, додека во 2010 година околу 4 отсто од испитаниците изјавиле дека го практикувале во последните години. Ист број од нив изјавиле дека практикуваат анален секс редовно, а важно е да се напомене дека во истражувањето биле опфатени испитаници од сите сексуални ориентации.