Што значи кога ќе ви заигра окото, челото, раката, веѓата?

tocka-99131Што значи кога ќе затрепери:

Врв на главата: претскажува дека ќе добиете син

Задниот дел од вратот: ќе имате гостин од странство кој ќе ви донесе подароци

Темето на главата од десна страна: ќе бидете судија

Темето од лева страна: убаво ќе се забавувате со пријателите

Чело: ќе слушнете лоши вести но нема да биде некоја голема штета

Тил: лоши вести кој ќе ве растажат

Чело-делот помеѓу очите: ќе одиш на пат

Слепоочница кај десното око: чувајте си ги парите

Слепоочницата кај левото око: Се што сте замислиле ќе ви се оствари

Десното уво: ќе чуете добри вести

Левото уво: Ќе слушнете лоша вест

Доколку ви зуи десното уво: очекувајте добри вести и веселба

Доколку ви зуи левото уво: лоши вести кои ќе ви донесат тага

Ви затрепери само горниот дел од десното уво: очекувајте кавга

Ви затрепери само горниот дел од левото уво: ќе добиете добри вести од пријател

Левата веѓа: оваа година ве очекува изобилство од храна

Десна веѓа: успех во семејството

Двете веѓи: очекувајте веселба

Кожата помеѓу веѓите: пријател ќе ве израдува

Десно око: што ќе посакате тоа ќе ви се оствари

Лево око:  ќе бидете пофалени но тоа ќе ве растажи

Горниот капак на десното око: очекувајте веселба

Долниот капак на десното око: нов пријател

Горниот капак на левото око: ќе добиете машко дете и ќе имате среќен живот

Долниот капак на левото око: лоша вест.

Цел нос: лоша вест

Една страна од носот: ќе ви биде укажана голема чест

Горната уста: непоканети гости ќе имате

Долната уста: ќе ги победите непријателите

Двете усни: ќе се бакнувате

Брада: ќе сретнете личност која ќе ве израдува

Десно рамо: ќе бидете здрави

Лево рамо: ќе бидете тажни

Мускулот на десната рака: тага

Мускулот на левата рака: ќе го пронајдете изгубеното

Десниот лакт: ќе станете важна личност

Десната дланка: ќе бидете милостиви

Левата дланка: ќе ги избегнете лошите вести и ќе бидете весели

Двете дојки: ќе преземете некоја работа

Десна дојка: ќе останете долго на едно место

Лева дојка: некој ќе ви направи нешто добро

Десно колено: во куќата ќе најдете богатство

Лево колено: нешто лошо ќе ви се случи

Листот на десната нога: Ќе се ослободите од нешто

Листот на левата нога: ќе се разделите со пријател

Десна пета: ќе се радувате на добри вести

Лева пета: ќе бидете укорени

Десниот табан: ќе ве растажат некои вести

Лев табан: ќе добиете богатство

Палецот на десната нога: луѓето за кои се грижите ќе ви се одолжат

Палецот на левата нога: ќе избегнете напад.

Пулс24.мк

Коментари

Популарно