Кога ќе споменеме кандида, веднаш се помислува на една тврдокорна инфекција која со право можеме да кажеме дека е кошмар за женскиот генитален тракт. Денеска ќе ви откриеме важни информации поврзани со препознавањето и лекувањето на оваа болест. Прочитајте ...
Најмалку 7 типови на габи можат да се изолираат од вагината. Во вагината можат да се сретнат патогени, опортунистичко патогени (патогени во одредени услови) и непатогени. Во 95 % од случаевите кога се манифестира габична инфекција кај жената причина за тоа е габата Candida albicans, а во останатите случеи најчеста е Candida glabrata. Иако кандидата може да се појави на скоро секоја жена, постојат групи на луѓе кои имаат зголемен ризик а тоа се:
Освен овие групи на луѓе кои имаат поголеми шанси да заболат од кандида, постојат и постапки кои можат да го зголемат ризикот а тоа се:
Симптоми
Најчести симптоми кои се јавуваат при кандидата се:
Интензивен јадеж
Иритација во пределот околу вагината
Секретот е густ како топено сирење, интензивно бел и без мирис
Околу 20% од жените не манифестираат симптоматологија
Бидејќи кандидата е и нормално присутна во организмот во некои делови, по лекувањето често се јавуваат рецидиви, можно е да се пренесува и преку заразен партнер. Важно е да се знае дека лицата кои имаат кандида, треба да им се направи и испитување на шеќерот во крвта, бидејќи често се јавува како пореметување на истото, иако тоа вопшто не мора да значи.
Поставување на дијагноза
Дијагнозата се поставува преку анамнестички податоци, гинеколошки преглед и микроскоспки преглед.
Лекување
При лекувањето на кандидата најчесто се користат следните лекови:
Nystatin
Klortrimazol
Kansen- Zdravlje Actavis
Mycoril
Mikonazol:
Ekonazol
Fentikonazol
Важни информации
Три од четири жени во текот на животот барем еднаш ќе бидат погодени од габична инфекција. Габата нормално живее во слузницата на вагината, а започнува да се манифестира по одредени промени во организмот. Скоро секоја жена може да биде зафатена.
Doktori.mk