Постојано му течело крв од носот - се шокирале кога откриле од што...

Момче од Саудиска Арабија побарал лекарска помош поради постојаното крварење од носот. Рендгенските снимки откриле дека во носот му расте заб долг околу 1,3 сантиметар, објави магазинот „„American Journal of Case Reports“.

204356

Станува збор за интраназален заб, кој му ја гребел внатрешноста на носот и така предизвикувал крварење. Во многу ретки случаи, се јавуваат вишок заби кои растат во близина на забите секачи, и најчесто се свртени нагоре.

Дваесет и двегодишното момче, во последните три години, еднаш до двапати месечно имал проблеми со крварење на носот. Лекарите биле изненадени затоа што момчето во устата имал речиси совршени заби. Носниот заб му е отстранет со употреба на анестетик.

Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест

Бројот на загинати во нападот на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург минатиот месец се искачи на шест, откако една жена почина од повредите, соопшти локалното обвинителство.

Обвинителите соопштија дека жената починала во болница, јави германската новинска агенција ДПА.

Во терористичкиот напад на 20 декември беа повредени повеќе од 200 луѓе.

Властите го идентификуваа осомничениот како саудиски лекар кој пристигнал во Германија во 2006 година и добил постојан престој. Тој бил уапсен веднаш откако го возел својот автомобил низ преполн пазар.

Властите рекоа дека тој не одговара на вообичаениот профил на екстремистички напаѓачи. Тој се опиша себеси како поранешен муслиман и беше многу критичен кон исламот, а на социјалните мрежи изрази поддршка за екстремната десница.

Зеленски: Прво договор со Трамп, потоа преговори со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека прво сака да се сретне со идниот американски колега Доналд Трамп за да договорат мировен план пред да започнат какви било преговори со рускиот лидер Владимир Путин.

– Прво со Трамп. Ќе се договориме со него како да ја завршиме војната, како да го запреме Путин, изјави Зеленски во тричасовно интервју со американскиот поткастер Лекс Фридман.

Тој нагласи дека е „многу важно Европа да има глас“ во овие дискусии.

Такви гаранции се потребни за да се спречи руска агресија.

“Украинскиот претседател истакна дека предложил замрзнати руски средства во вредност од 300 милијарди долари да бидат искористени за купување американско оружје, пренесува Укринформ.

Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан

Втората црна кутија е пронајдена на местото на несреќата во близина на градот Актау во западен Казахстан, според окружниот сообраќаен обвинител Мангистау Абилајбек Ордабаев.

„Во авионот се пронајдени две црни кутии. Тие ќе бидат предадени на одделот за истрага на воздушни несреќи, а потоа ќе бидат прегледани“, рече тој на прес-конференцијата, пренесува Казинформ.

Според него, од повредените се земени изјави и се идентификувани сите сведоци, а се испитува и видеото од радио врската меѓу диспечерот и екипажот.

Популарно