Гигантот Samsung на пазарот за паметни телефони како главни адути за 2014 година ги има Galaxy Note 4 и веќе неколку месеци стариот и популарен Galaxy S5. Да погледнеме кои се главните разлики...
Уште веднаш може да забележите дека станува збор за уреди од истата компанија. Изгледот е скоро идентичен, со тоа што note 4 поседува огромен 5,7 инчен екран со QuadHD резолуција (2560 x 1440 пиксели) наспроти 5,1 инчниот екран на Galaxy S5 со FullHD резолуција (1920 x 1080 пиксели). Поголемиот екран драстично го зголемува Galaxy Note 4, така што ваш избор е дали сакате попрактичен или поголем телефон.
Изработката на два уреди е слична, со две клучни разлики:
Galaxy Note 4 поседува метална рамка околу куќиштето и задниот дел е изработен да изгледа како кожа
Galaxy S5 е водоотпорен (поседува IP67 сертификат) и задниот дел е изработен да изгледа како гумирана површина
За жал, тука завршуваат сличностите и понатаму Galaxy Note 4 е далеку посупериорен уред - нов UV сензор, помоќен Snapdragon 805 quad-core процесор, 3GB RAM и камера со оптичка стабилизација.