KARIERA.mk слави 9 години!

Оваа година KARIERA.mk слави 9 години постоење! 🎂

За нас, овие години значат многу повеќе од бројка, тие претставуваат заедница која расте, се развива и создава илјадници нови кариерни приказни.

🌟 9 години поврзуваме луѓе, компании и создаваме можности

Во изминатиот период, дојдовме до бројки кои ни го исполнуваат срцето и ни ја потврдуваат мисијата:

✔️ Над 240.000 зачленети корисници на платформата

✔️ Повеќе од 6.700 зачленети компании 

✔️ Илјадници нови вработувања секоја година

✔️ Растечки број алатки, услуги и поддршка за кандидати и HR професионалци

✔️ Успешни настани, работилници и Career Days кои ги поврзуваат барателите на работа со компаниите

Секој оглас, секое испратено CV, секое ново вработување е дел од приказната што ја пишуваме заедно.

KARIERA.mk денес е многу повеќе од веб-сајт за огласи за работа.

Во последните 12 месеци ја проширивме нашата понуда и ја продлабочивме поддршката за компаниите и кандидатите:

  • Нова генерација на алатки за HR и селекција
  • Подобрена MojaKARIERA зона за кандидатите
  • Подобрена иновативната алатка HR Scanner, која го трансформира начинот на регрутација
  • Преку Career Days, работилници и HR настани, поврзуваме заедници и градиме поуспешен пазар на труд
  • Содржини, трендови, поддршка и професионален развој на едно место

❤️ 9 години доверба, поддршка и инспирација

Нашата најголема сила се луѓето, кандидатите кои ја почнуваат својата приказна, компаниите што градат тимови и партнерите што веруваат во нас.

Ви благодариме што 9 години нѐ правите дел од најважните професионални моменти.

🎯 Ова е само почеток

Влегуваме во свечениот 10-ти јубилеј со огромна мотивација, да креираме уште повеќе можности, уште подобри алатки и уште посилна заедница.

Среќен 9-ти роденден, KARIERA.mk!

Да продолжиме да создадеме успешни приказни, заедно. 🎉💼✨

Подгответе се за спектакл во СЦ „Јане Сандански

Регионалната музичка икона Сенидах го најави својот прв солистички концерт во Скопје, на 14 февруари 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“. По спектакуларниот настап на белградскиот Ташмајдан, Сенидах ја носи својата естетика, енергија и препознатлив сценски израз во македонската престолнина, подготвена да создаде уште еден момент што ги поместува стандардите на регионалните live настапи.

Својата кариера ја гради храбро, гласно и без компромиси. Денес е препознатлива по специфичниот вокал, неповторливиот музички израз и сценски настап што ги брише границите меѓу жанровите, сензибилитетите и стиловите. Сенидах умешно ги спојува R&B, трап и елементите на балканската народна музика, создавајќи звук кој е единствен во регионот и препознатлив глобално.

Од соработки со уметници како Дино Мерлин, Цоби, Џала Брат и Буба Корели, Раф Камора, до самостојни изданија што бројат милионски стримови – Сенидах го изгради статусот на едно од најавтентичните современи имиња на новата балканска сцена. Нејзиниот трет студиски албум „Сен и дах“ објавен на почетокот од годината, бележи исклучителни резултати, додека сингловите „Делија“ и „Иди гаде“ и понатаму доминираат на топ-листите.

Организацијата ја потпишува SKYMUSIC продукција, а публиката во Скопје ја очекува продукција на светско ниво – моќен звук, силна визуелна режија и сценски дизајн што го следи секој ритам и емоција на нејзиниот автентичен израз. Тоа ќе биде концерт кој ја потврдува Сенидах како една од најхрабрите и најдоследни авторки на денешната регионална музика.

Влезниците за концертот на Сенидах почнувајќи од денес се достапни преку бесплатната апликација eFinity и преку платформата Wayin.mk.

Јована Кртолица во третата епизода на „На каде одиме?“ тим лидер во Allianz Technology и Stakeholders Director во Women in Tech

Во третата епизода на подкастот „На каде одиме?“ имаме задоволство да разговараме со Јована Кртолица, тим лидер во Allianz Technology и Stakeholders Director во Women in Tech.

Јована ни открива како изгледа нејзиниот пат до ИТ секторот, како се гради кариера во технологијата и што значи да се биде лидер во динамична индустрија. Со години искуство во водење тимови, таа споделува кои се најголемите предизвици на една тим лидерка, како се мотивираат луѓето и како се справува со тешки ситуации за да тимот функционира на најдобар можен начин.

Еден од интересните делови од разговорот беше и споредбата на работната култура во Виена и во Македонија  – како различните пазари и организации ги обликуваат очекувањата, стилот на работа и начинот на кој се гради тимска динамика.

Ниту една дискусија за технологија денес не е комплетна без да се зборува за вештачката интелигенција. Јована зборува за влијанието на AI во работењето, како таа го менува секојдневието на компаниите и луѓето, и кои се можностите и предизвиците што ги носи за иднината на индустријата.

Ова е разговор што инспирира и предизвикува размислување. Јована ни покажува колку е важно жените да бидат гласни, видливи и активни во технолошкиот свет, но и како секој од нас може да го најде својот пат кон раст и напредок во ИТ и иновациите.

🎧 Епизодата е достапна на YouTube и Spotify:

Популарно