Револуција во лекувањето канцер: Инјектирањето вирус ‘ловец’ на туморните клетки

Американските здравствени власти ја одобрија новата револуционерна метода за лекување на ракот со инјектирање на вирус на херпес со двоен ефект, бидејќи тој ги напаѓа туморните а ги штити здравите клетки, и го поттикнува имунолошкиот систем да се бори против туморот.

_83307904_m1320644-lung_cancer_cell_division,_sem-spl

Американската агенција за храна и лекови (FDA) ја одобри минатата седмица оваа ткн интелигентна терапија којашто заболените ќе ги поштеди од болните нуспојави на сегашните методи, какви што се хемотерапијата и зрачењето кој умеат да бидат и брутални и со ужасни нуспојави, од опаѓање на косата и внатрешно крвавење до хронична мачнина, па дури и смрт.

Терапијата T-VEC (talimogene laherparepvec) ќе се придава под комерцијалниот назив „Imlygic“, а ја развива биотехнолошката компанија „BiVex“, од американската сојузна држава Масачусетс. Специјално модификуваниот вирус на херпесот директно се инјектира во туморот, а одобрен е за лекување на ракот на кожата.

Долго време се размислуваше за вирусите како в своевидни „ловци на ракот’ како потенцијален извор за лекување на канцерот. За разлика од хемотерапијата и радиотерапијата, коишто ги убиваат клетките на ракот но притоа ги оштетуваа ти другите делови од организмот, вирусите може да ги целат исклучиво туморните клетки, а пациентот како нуспојава претрпува треска којашто трае ден или два.

Ефектот на „Imlygic“ е двоен,м бидејќи вирусот директно ги напаѓа клетките на туморот, а воедно го поттикнува и имунолошкиот систем самиот да се бори против нив. Докторот Стивен Расел, научник од клиниката „Мајо“, смета дека станува збор за „голем пресврт“ во лекувањето на ракот.

Џон Бел, научник за вирусна терапија на ракот во канадскиот Ottawa Hospital Research Institute, појаснува дека изгледа дека со инјектирањето на вирусот „телото се буди“ и почнува да ги препознава сите тумори во телото, дури и оние во коишто вирусот не е инјектиран. Научниците сé уште не знаат зошто тоа е така, вели Бел.

Некои методи поскоро се користат со модифицирана верзија на сипаниците, туку со херпес како средство лекувањето. И Расел и Бел го истакнуваат примерот на пациентките Стејси Ерхолц, кај којашто неизлечивиот миелом (рак на крвта) исчезнал за 36 часови по терапијата со модификуван вирус на сипаниците. Секако, истакнуваат и двајцата, тоа е поединечен случај, а за оценување на успешноста на методот потребни се многубројни клинички испитувања.

Расел се надева дека „Imlygic“ „првиот чекор во насока на целосна промена“ начини на лекување на ракот. „Не можеме предвремено да тврдиме дека сме ја постигнавме крајната цел, бидејќи не сме, но тоа е чекор на патот, еден но многу вреден“, заклучува.

Претерување со шеќер и сол е штетно по здравјето

Познато е дека за да се одржи и  подобри здравјето на срцето, постојат одредени намирници што треба да се избегнуваат во исхраната.

Така, д-р Лирој Лот од Њујорк сподели листа намирници коишто се лоши за кардиоваскуларниот систем. Лекарот наведува оти, во таа смисла, конзервираниот зеленчук и овошје се некаде на врвот на списоков, поради големата количина сол и шеќер. Тој истакнува дека далеку попрепорачливи се свежите овошја и зеленчук. Исто така, треба да избегнувате конзервирана храна воопшто, токму поради големата содржина на натриум (сол), којашто може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, висок крвен притисок и мозочен удар.

На листата на американскиот доктор се најде и белиот ориз. Тоа е рафинирана житарка што брзо се претвора во шеќер во телото, што значи и повеќе маснотии. Во овој поглед, не треба често да се јаде ниту бел леб, бидејќи тој е исто така рафиниран јаглехидрат.

Сирупите за слатки и замрзнатите колачи се, исто така, на листата поради високата содржина на шеќер. Лекарот советува да избегнувате и преработено месо што, обично, е богато со сол и заситени масти. Во таа смисла, солта е штетна за срцето бидејќи го зголемува крвниот притисок.

Кога станува збор за напитоците, д-р Лот особено го нагласува пивото. Според објаснението, овој пијалак го оштетува срцето на неколку начини. Претерувањето, имено, може да го оштети самиот срцев мускул.

Патем, и Лот и здравствените власти воопшто ги советуваат граѓаните - и мажи и жени да го ограничат внесот на алкохол.

На овој список се и енергетските пијалаци. Нивната содржина на кофеин потенцијално ги зголемува отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Дури и кечапот и другите сосови може да претставуваат опасност поради високата содржина на шеќер и сол. 

Црната пластика во кујната може да биде опасна за здравјето, предупредуваат научниците

Црната пластика може да изгледа добро во кујната, но многу луѓе престануваат да ја користат од здравствени причини. Забранетите токсични успорувачи на горење може да се најдат во различни предмети за домаќинството, вклучително и садовите за готвење, покажува новото истражување.

Црната пластика стана дел од многу кујни бидејќи изгледа добро. Но, според новото истражување, за неа нема место во кујната.

Истражувачите тестирале производи направени од црна пластика, која обично се рециклира откако првично била користена како заштитен дел за електроника, како што е куќиште за телевизор. Оваа пластика често се третира со успорувачи на горење за време на производството на електронски уреди. Сепак, дури и по рециклирање, хемикалиите – кои се поврзани со голем број негативни здравствени ефекти – можат да останат во високи концентрации, пишува Health.com.

„Оваа студија го нагласува недостатокот на хемиска регулација поврзана со она што влегува во нашиот систем за рециклирање“, рече Меган Лиу, главен автор на студијата и шеф на науката и политиката во Иднина без токсини.

Во студијата, објавена овој месец во списанието Chemosphere, Лиу и двајца нејзини колеги тестирале 203 црни пластични предмети за домаќинството за присуство на различни хемикалии. Помеѓу тестираните производи имало послужавници за суши, кутии за брза храна, детски играчки и кујнски прибор.

Секоја ставка прво се тестира за бром, хемикалија која се користи во некои успорувачи на горење. Ако нивото на бром надминало 50 делови на милион, тимот дополнително го анализирал присуството на бромирани и органофосфатни успорувачи на пламен. Овие хемикалии често се користат во електрониката и се поврзани со сериозни здравствени ризици, вклучувајќи рак и ендокрини нарушувања.

Истражувањето покажало дека дури 85 отсто од тестираните производи содржеле хемикалии кои го успоруваат горењето. Најголемите количини се пронајдени во послужавник за суши, шпатула.

Лесен домашен лек против кашлица

Благодарение на моќните својства на медот и бананата, ослободете се од болното и воспалено грло, кашлицата, па дури и од стомачните проблеми.

Состојки: 400 мл зовриена вода, 2 средни банани со црни пеги по нив, 2 лажици мед.

Подготовка: Најпрвин излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка. Доколку сте во можност направете го тоа со дрвена лажица. Потоа бананата ставете ја во сад со зовриена вода. Оставете ја да отстои околу половина час. Кога смесата ќе се олади, додадете го медот. Важно е медот да го додадете последен, бидејќи, доколку го помешате со зовриената вода, ќе ги загуби лековитите својства.

Примена: 100 мл од овој напиток пијте четири пати дневно. Количината на состојките од овој рецепт е доволна за еден ден. А наутро за наредниот ден направете си нова. Првите резултати ќе ги забележите за три дена.

Популарно