Овие совети од лекарите мора да ги знаете пред да се впуштите во анален секс.
Аналната пенетрација е најмалку употребуваната форма на анален секс
Постојат многу начини за да се овозможат анални задоволства! Најчесто се практикува допирање на аналниот отвор при мастурбација, орален и вагинален секс. Некои луѓе уживаат додека го чувствуваат прстот на тој дел од телото.
Аналниот секс не е болен ако се изведува правилно
Со оглед на тоа што анусот во себе има огромен број на нервни завршетоци, поради неправилното постапување може да биде и извор на болка, но со вистинскиот однос овозможува големи задоволства. Кога ќе дојде до пенетрација, аналните мускули се собираат како да се плашат од неа. Болка ќе се појави ако партнерите не почекаат да се опуштат тие мускули, при што и пенетрацијата со вистинска количина на лубрикант ќе биде целосно безбедна. До опуштање на мускулите ќе допринесе и физичко опуштање со допири, милување и масажа.
Во аналниот секс може да почнете да уживате иако во минатото секогаш ви бил непријатен
Самата желба за имање на анален секс не значи дека е гаранција за задоволство. Хроничната напнатост на анусот е најчестата причина за непријатност при аналниот секс. Напнатоста може да се отстрани и така што малку подобро ќе го запознаете анусот. Најидеална можност за тоа е за време на туширање, односно капење во када при мастурбација, кога телото е целосно опуштено. И длабокото дишење може да ги опушти аналните мускули. Кога тие ќе се опуштат и самиот анален секс станува целосно безболен.
Анусот го опкружуваат два мускули затворачи, кои делуваат целосно независно еден од друг
Анусот го опкружуваат надворешен мускул затворач, што личноста своеволно може да го опушти и напнат и внатрешен мускул затворач, со кој управува потсвесниот систем на телесни реакции. Оној кој води сметка за отчукувањата на срцето и реагира на стрес. Тој мускул се опушта дури кога вашето тело целосно ќе му се препушти на аналниот секс.
Аналната стимулација овозможува многу видови на задоволство
Аналните уживања можат да бидат психички и физички. Физичкото задоволство доаѓа од пенетрација на пенисот или масажа со прст, додека кај психичкото задоволство обично станува збор за перверзен чин кој се` уште кај многумина претставува табу, што некои луѓе многу ги возбудува.