Исповед на мајката на Стефани за кобното утро: За сè е виновно музичкото училиште, три години се лечеше од депресија

stefni-640x640

Не знам дали ќерка ми е силувана, но облеката и беше истегната и личеше на искината. Стефани плачејќи ми кажа „он спиеше со мене насила“. Вака вчера ни тврдеше Александра Kаранфилковска, мајка на 20-годишната Стефани Брзанова, која завчера напладне трагично загина скокајќи од 9. кат од зграда во населбата Аеродром. Засега нема потврда од полицијата дали станува збор за самоубиство, иако, најверојатно, девојката сама си го одзела животот. Мајката се сомнева дека Стефани посегнала по својот живот откако била силувана од скопски таксист, објави ДНЕВНИК.

-Ги чекаме резултатите од обдукцијата на моето девојче и кога ќе бидат готови, ќе се знае што точно таксистот ~ сторил на ќерка ми и тогаш ќе поднесам пријава и тужба против него. Не сакав да изјавам дека сум го пријавила, но тоа ми е намерата ако се покаже дека е така – рече вчера за „Дневник“ Kаранфилковска.

Само неколку часа пред да разговара со нас во јавноста излезе информација дека таа го пријавила таксистот за силување. Од МВР веднаш демантираа дека било пријавено силување на девојка. Со мајката на Стефани разговаравме во нивниот дом. Ни вели дека претходната вечер Стефани била излезена со друштвото и со нив се разделила кај Железничката станица, каде што се качила во такси-возило. Мајката за ДНЕВНИК ја опиша сликата кога Стефани излегла од возилото.

– Вечерта излегла со друштвото и пиела алкохол. Потоа се качила во такси за да си дојде дома. Околу 4 часот ми се јави на мобилниот телефон и со исплашен глас ми рече: „Мамо, мамо, брзо дојди земи ме“, а таксистот од таму дофрлаше: „Kажи и за два часа ќе те вратам, за два“. Јас и мојот пријател веднаш истрчавме надвор и го видов такси-возилото. Потоа од него излезе ќерка ми и трчаше како избезумена. Алиштата и беа искинати. Она бегаше и викаше – раскажува Александра.

brzanova-stefi-43399

Додава дека таксистот тврдел оти ништо не и сторил, но дека нејзиниот пријател го истепал. Се прашува зошто таксистот не отишол во полиција да пријави дека е истепан.

– Мислам дека нешто се случило, не знам дали е силувана. Дај боже да не е тоа, а обдукцијата ќе покаже – раскажува мајката.

Александра вели дека утрото кога се разбудиле ништо не навестувало дека ќе се случи нешто лошо.

– Вечерта дома ја смиривме и си легна да спие. Сабајлето кога стана беше расположена и рече дека ќе оди до кај баба си, мојата мајка, која живее во другиот влез. Најгоре на зградата има балкон на кој секогаш си седевме заедно и се одморавме. Од тој балкон мојата ќерка скокна во смрт – тврди мајката додавајќи „за с` е виновно музичкото училиште“.

Александра за ДНЕВНИК вели дека нејзината ќерка три години се лечела од депресија.

– Цели три години ќерка ми се лечеше од депресија и анксиозност. Има една година како што беше излечена. Ќерка ми уште од малечка беше повлечена. Бидејќи беше многу музикална, ја запишав во средното музичко училиште, но таму доживеа психички малтретирања од професорите и соучениците. Една од професорките дури и кажа дека не знае да пее и да го оперира гласот или да да се отпише од училиштето. Постојано ме прашуваше зошто ~ го прават тоа. Поради овие малтретирања Стефани падна во депресија – вели мајката.

Повеќе прочитајте на ДНЕВНИК

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно