Вдоми, не купувај! Во сабота, од улица Македонија вдомете го вашиот нов најдобар пријател

Под мотото „Вдоми, не купувај“ во сабота на улица Македонија, сите бездомни животни ќе чекаат да си го пронајдат среќниот сопственик.

vdomi-ne-kupuvaj-vo-sabota-od-ulica-makedonija-vdomete-go-vasion-nov-najdobar-prijatel-01

Целта е да се обезбеди дом за кучињата и мачињата кои лутаат по улиците, а токму вие имате можност и шанса да им го промените текот на животот.

Во март се најавени 3 вакви акции, од кои првата е оваа сабота (12-ти март), во близина на спомен куќата на Мајка Тереза.

Сите кои сакаат да си го запознаат новиот најдобар пријател можат да дојдат од 12 до 17 часот и да спасат барем еден живот.

vdomi-ne-kupuvaj-vo-sabota-od-ulica-makedonija-vdomete-go-vasion-nov-najdobar-prijatel-02

Најчевска: Да се забрани зголемување на бројот на жителите на Скопје

- Да престане да се гради во Скопје. Да се даде забрана за зголемување на бројот на жители на Скопје. Да се дадат сите можни привилегии за секој кој живее надвор од Скопје а доаѓа да работи или студира во Скопје. Да се инвестира во општините надвор од Скопје и да се направат посакувано место за живеење, пишува на својот ФБ профил универзитетската професорка Мирјана Најчевска мерки што според нејзи би го подобриле квалитетот на живот во главниот град.

- Да се инвестира во железница која би ги поврзала сите населени места од Македонија за поголема мобилност на населението независно од возраста.Скопје е монструм. Скопје е нехумано место за живеење и за развој на децата, нехумано место за живеење на старите и секој ден станува се помонструзно место за живеење на било кое човечко суштетсво, додава таа.

Весна Петрушевска: Да си градите и ич да не ви чуе, и така сите ќе умреме

- Јас предлагам во Кисела Вода (многу убава и зелена општина, таму живеам де) да си градите и ич да не ви чуе! Колку паркови имаме, па дрвја... просто се удирам од дрвја кога шетам кучиња... па тоа едни раскошни зелени површини чиниш Швајцарија....за паркинг да не отварам уста (јас се паркирам и на копно и на вода)...и така сите ќе умреме, барем да си градите, иронично коментира актерката Весна Петрушевска откако беше објавено дека кај Расадник ќе никнат уште 100-тина нови згради.

- ДУП МУП се по список да си терате од Кисела Вода, Изворска да направите. Сега не се дишело, туф голема работа. Ако треба ќе престанеме да дишеме, ама да си градите, додава таа.

Ноември дојде, хартиен билет за едно возење во скопскиот јавен превоз нема

И покрај тоа што градските власти ветија дека од 1 ноември ќе стартува користењето на хартиениот билет за едно возење, на оваа поволност граѓаните ќе мора да почекаат уште малку. Реализацијата на тендерот за хартиените билети, заедно со новата мобилна апликација за јавниот превоз и дополнителните валидатори во автобусите, сѐ уште се во тек на реализација.

Од ЈСП – Скопје за „Мета.мк“ не можеа да кажат на кој датум ќе профункционираат новите поволности за користење на скопскиот јавен превоз. Постапката за реализација на договорот е во тек – е единственото објаснување што ни го дадоа од ЈСП.

„Македонски Телеком“ во јули годинава го доби тендерот вреден над 2,2 милиони евра, со кој треба да им се овозможи на граѓаните сами да ја надополнуваат картичката „Скопска“ и да имаат увид во нивната сметка. Воедно, со актуелниот тендер се набавуваат 300.000 електронски хартиени билети за едно возење, како и 400 нови валидатори за картичката „Скопска“ што ќе се постават во градските автобуси. „Телеком“ треба да изработи и мобилна апликација, која во реално време ќе го прикажува возниот ред на линиите од јавниот превоз.

Ставањето во функција на новите поволности за граѓаните веќе неколку пати годинава беше пролонгирано. Последното ветување од крајот на септември беше дека сѐ уште се одвива тест – периодот за реализација на тендерот, а по чие завршување веднаш би се пуштиле во оптек новите билети за едно возење и останатите поволности за патниците.

Популарно