Иванов: Хојт Ји побара средба, но имам други обврски

Претседателот Ѓорге Иванов нема да се сретне со заменик помошник државниот секретар на САД, Хојт Брајан Ји, кој в понеделник ќе ја посети Македонија, информираат од кабинетот на шефот на државата.

Оттаму соопштуваат дека до кабинетот на претседателот на Република Македонија е упатено барање за средба со заменик помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, но со оглед на претходно утврдените обврски претседателот Иванов нема можност за реализација на таква средба.

Средбите со Хојт Ји веќе ги потврдија од политичките партии и од амбасадата на САД кои најавуваат дека средбите со политичките лидери се со цел да ги ангажира околу процесот на формирање влада, билатералните односи и неопходните реформи за евроатлантските интеграции.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно