Еден од најпрепознатливите брендови на Подравка е “Вегета“, која е произведена уште во 1959 година.
Злата Бертл, познат како “тета Вегета”, со својот истражувачки тим ја измисли комбинацијата на зачини и сушен зеленчук, особено моркови, кромид и целер, и како такви, ги изнесе на пазар да служи како одличен прилог на супи и чорби.
Но, кога ја создавала својата мешавина на зачини, најверојатно, никогаш не ни сонувала колкава слава со својот производ ќе постигне. Од тие денови па се до денес Вегетата е испрофилирана во една од најкористените додатоци во исхраната, речиси во секое јадње.
Сепак, се чини дека Вегетата, која денеска се нуди по супермаркетите, е далеку од чиста мешавина на сушени зеленчуци. Таа содржи голема количина на сол, и тоа повеќе од 50 %, а во неа се скриени адитиви кои се додаваат на храната со цел да им се продолжи рокот на траење, и да им се подобри вкусот. Големата количина на адитиви доминира со вкусот на храната и ја губи својата природна арома, пишува
Адитивите се означуваат со Е-броеви , во зависност од нивното влијание врз здравјето на луѓето. Поделени се во три категории: зелена, кои не се опасни за здравјето на луѓето; жолта, кои треба да се консумираат во мали количини; и црвена, кои треба да се избегнуваат по секоја цена.
Најчестиот адитив во Вегетата е многу штетниот мононатриев глутаминат MSG – подобрувач на вкусот и замена на солта – кој е во Вегетата може да се најде дури околу 15% проценти.
MSG е адитивот E 621, означен е со црвена боја!
Неговите несакани ефекти се движат од мигрена до влошените симптоми на астма па се до провокации на:
Во големи количини може да доведе до исчезнување на нервните клетки, а тоа пак се поврзува со појавата на болести како Allzheimer, Parkinson,Huntington. Забранет е како додаток во храната за бебиња.
Токму поради MSG, многу мајки од нивната кујна ја исфрлија Вегета.
Сушениот зеленчук тука е само како покритие за хемиските состојки со намера да се измами, па дури и да се отруе потрошувачот. Така, во скапата Вегета денеска доминира солта, малку суви корени и троа зачини, и сѐ на сѐ, би можело да се каже дека купувате нездрава, па дури и отровна храна.
Ако во Вегетата има 15,5% зеленчук (што е повеќе од повеќето други производи), голема количина сол, зачини, пченкарен скроб, вкусови и природни бои, тогаш можете ли да замислите колкава е содржината на зеленчукот и зачинот во другите додатоци во исхраната?
Дали сте ги провериле овие праметри и на производите од Македонија? Исти се, само во друго паковање.
Ако сте во групата на оние кои алтернативата ја пронаоѓате во Vegeta Natur , тогаш се уште не сте на вистинскиот пат. Станува збор за производ што содржи екстракти на квасец или вештачки добиена глутаминска киселина која така изолирана “го подобрува” солениот вкус. Вистина е дека таа глутаминска киселина е не-есенцијална амино киселина, но таа природно е во храната и како таква би требало да ја внесуваме во организмот и тој внес со правилна исхрана и повеќе е од доволен.
Затоа, би било најдобро по моделот на Злата сами дома да направите мешавина на зачини кои не само што ќе бидат од корист за вашето здравје, туку и по ваш вкус.
ИЗВОР