Нови измени во Законот за стечајци

Законот за материјално обештетување на стечајците донесен во септември 2017 година ќе се дополнува со цел да се опфатат поголем број на стечајни работници, ова го најави и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, но и кумановските стечајци кои мака мачеа да изнајдат решение со надлежните, бидејќи првичниот закон предвидуваше обештетување за само неколкумина од нив.

Дополнувањето ќе се однесува на членот 2 од законот, вели Лилјана Георгивска претседател на кумановското здружение на стечајни работници „УНИТ“. Според членот законот ќе ги опфати и акционерските друштва и фирмите кои биле приватизирани.

– Треба стечјаниот работник да бил во фирма додека било акционерско друштво настанато или приватизирана фирма, така да сега очекуваме најмалку 600-700 стечајци од Куманово да бидат опфатени, затоа што сме најголем индустриски град во Македонија, односно најмногу имавме фабрики и фирми. Морам да кажам дека во самиот старт погрешно е поставен законот, бидејќи и покрај нашето сугерирање не бевме прифатени и сослушани, но што е тука е и правиме напори се да се заврши за оваа година и ќе има пообемен број, вели Георгиевска.

Наместо да има 3.000 обештетени работници, досега според Георгиевска има 2.460 на ниво на државата, а се очекува бројката да надмине и над 4.600 поранешни работници, а ќе останат оние кои останале технолошки вишок во компании кои биле во приватна сопственост и оние кои спогодбено ја напуштиле работата, а за тоа земале паричен надоместок.

– Ние располагаме со многу мал број, имаме 101 решение во Штип, во Крива Паланка околу 130 решенија, во Куманово за жал 56 решенија, во Струмица и Радовиш најмалку 5-6 решенија, Кавадарци и Неготино десетина. Пак имаат среќа оние кои никогаш не биле со нас да се борат за нашите права, да искорстат како скопјани, гевгеличани, беровчани, како сите други, но на сите нека им е со среќа, борбата е за сите, вели Георгиевска.

Оние стечајни работници, кои немаат 15 години работен стаж во компанија со доминантна државна сопственост, за да бидат опфатени со законот ќе мора да ги одработат оние месеци кои им недостасуваат. Меѓу нив и лидерот на кумановските стечајци Лилјана Герогиевска која треба да одработи 10 месеци.

– Без оглед дали Лилјана Георгиевска некаде ќе е вработена, се уште не сум, ама ќе морам, затоа што немам 15 години во државна сопственост, туку 14 години и 2 месеци, другото е приватизирано, па морам да одработувам, затоа што самиот закон е до вработување или пензионирање, така што и такви случаи ќе имаме многу. Најважно е морам да кажам на фирмата да не е сменет матичниот број затоа што секој газда кој го сменил тој број, за жал нема и тие да влезат, тоа не е наша вина, тоа е од министерство, ние нема да ги оставиме на цедило, додава Георгиевска.

Дали на работа или обештетени, Здружението ќе работи и ќе се бара начин сите да се обештетат вели Георгиевска.

Со новите измени во законот исто така се релаксира и возраста, односно барателот треба да има 52 и 55 години старост, но во моментот на поднесување на барањето, а не во моментот на донесувањето на законот.

РКЕ одлучи: Нафтата и бензинот поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на одлуката од 30.12.2024 година.

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,073 ден/кг и сега ќе 45,711 ден/кг. 

Од 9.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 78,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 80,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,711 (денари/килограм)

ДУИ со честитка за Божиќ, но и загриженост од недостигот на волја за соживот

Во духот на празничните денови, се воздржуваме од остра реторика, но не можеме да останеме неми пред агресијата на државата врз нашите колективни вредности. 

Длабоко сме загрижени и разочарани од упорната омраза, од недостатокот на волја за соживот, од упорните обиди да се потисне албанскиот јазик и да се девалвираат Албанците во овој наш заеднички дом. 

Оние што мислат дека ќе израснат рушејќи ги своите соседи, своите сограѓани, се во голема заблуда – никој не станал поголем со тоа што го омаловажувал другиот, напротив..  

Разочарани сме и од молкот на тие сограѓани што гледаат, а не реагираат. Ова не е прашање само за Албанците, ова е прашање за вредностите на оваа држава. 

Она што ние како Албанци го имаме за свето – нашиот јазик, нашето достоинство, нашето рамноправно учество во оваа земја – не може да биде постојана мета на агресија без последици по државата во целина. 

Во пресрет на Божиќните празници, на сите православни верници им посакуваме мир, хармонија и топлина во нивните домови. 

Вистинските вредности не се мерат со тоа колку ќе се намали другиот, туку со тоа колку можеме да растеме заедно, во почит и разбирање. 

Соживотот не е слабост, туку сила. Различностите не се пречка, туку богатство. 

На сите граѓани им посакуваме празници исполнети со добрина и надеж за подобро утре за сите нас.

ДУИ

Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица

Во 2025 година, Скопје влегува со зголемен број сообраќајни несреќи и раст на повиците кон Итната медицинска помош. Како што попладнево изјавија за МИА од Итната медицинска помош во Скопје, најчесто повиците се за сообраќајни незгоди, како и хронично болни пациенти, чии јавувања се последица на временските промени и загадениот воздух во главниот град на државава.

Меѓу собраќајните незгоди има некои со потешки последици, па и со смртен исход.

Здравствени работници во изјава за МИА апелираат да не се вози под дејство на алкохол за време на претстојните празници,да се внимава при управување со возилата поради времето, особено во вечерните часови кога има услови за замрзнување на коловозот.

За претстојните божиќни празници, Итната помош ќе работи нон - стоп, а Единицата за домашна посета од седум до 21 часот.

- Известуваме дека Службата за ИМП со домашно лекување и итна стоматолошка помош при ЈЗУ Здравствен дом на Скопје, во текот на божиќните празници на 6 и 7 јануари, ќе работи со следново работно време - Службата за ИМП ќе работи 24 часа, а единицата за домашна посета ќе работи од седум до 21 часот, информираа од оваа јавна здравствена установа.

Ординациите за здравствена заштита во трета смена, недели и празници, ќе работат континуирано во двата дена и тоа во поликлиниките „Ѓорче Петров“, „Бит Пазар“, „Чаир“, „Шуто Оризари“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и „Драчево“.

Популарно