Најлесниот начин како да го најдете изгубениот мобилен телефон

За да го најдете вашиот телефон , не треба да инсталирате апликации, а целиот процес трае помалку од половина минута. Одете на Find My Device – Google и потоа пријавете се на вашата гугл сметка, стискајќи sign in. Системот автоматски ќе ги препознае сите регистрирани уреди кои имаат инсталиран оперативен систем Android. Изберете го уредот што сакате да го најдете и притиснете ја стрелката. Системот за пребарување е многу брз и уредот ќе биде пронајден за помалку од половина минута. Точноста на локацијата е од 25 до 50 метри. Кога ќе го пронајдете апаратот, има опција да почнете со ѕвонење што ќе трае пет минути, дури и ако телефонот е на “silent” . На овој начин ќе го најдете мобилниот ако сте го изгубиле некаде или ако е украден. За да може целиот систем да функционира, мобилниот мора да биде поврзан на некоја мрежа (мобилна или WiFi), а на телефонот мора да а биде и активирана опцијата за локација. Ако ги имате овие предуслови, лесно ќе го најдете вашиот апарат.

(ВИДЕО) Ова е островот кој Франција и Шпанија си го разменуваат на секои шест месеци

Следната недела, Франција ќе ѝ ја предаде на Шпанија територијата од 6.800 метри квадратни и тоа без никакви расправии. Додека, за шест месеци, Шпанија повторно ќе ѝ ја врати на Франција. Овој систем функционира на овој начин веќе 350 години.

Француско - баскиското одморалиште Андеј е последниот град што се граничи со Шпанија. Кога не е сезона, во неговиот искривен песочен залив има стотици фоки. Во близина се наоѓа историскиот шпански град Хондурас и неговиот изграден сосед Ирун. Природната граница е реката Бидасоа, која ги дели двете земји. 

Во средината на реката, која ги одделува Шпанија и Франција, постои територија со посебен статус - островот на Фазаните. Локалните жители не разбираат зошто луѓето воопшто не сакаат да го посетат, бидејќи таму, според нивните зборови, не постои ништо порепрезентативно кое би ве предизвикало да го погледнете.

Недостапниот остров е всушност и местото на споменик плоча каде се оддава чест на голем настан кој се случил во 1659 година, односно на местото каде се случувале преговорите за крајот на 30 годишната војна меѓу Франција и Шпанија, бидејќи тоа место се сметало дека е неутрална територија.

Договорот кој конечно се постигнал гласел дека од 01 Февруари до 31 Јули овој остров ќе биде под шпанска контрола, а во преостанатите месеци под француска.

Островот е мал, а може да се посети само за време на отворени денови. Тој симболизира мир и соработка помеѓу Франција и Шпанија и е место каде се имаат одржано неколку кралски венчавки или размена на затвореници.

Популарно