Писмото на оваа баба го освои светот: Советите кои и ги дала на внуката злато вредат и добро запомнете ги

Една баба напишала писмо да новородената внука и го освои светот.

Драга моја, ова писмо можев да ти го напишам пред 40 години, за твојата мајка… но тогаш имав 25 години и се занимавав со други прашања: како да го прехрнам семејството, ќе можам ли да успеам да го однесам детето во градинка и стигнам на предавање. Твојот дедо работеше ноќни смени и не можеше да ми се најде кога твојата мајка по цела ноќ плачеше поради честите детски болести. Сега имам 50 години и малку повеќе искуство кое би сакала да го споделам со тебе. Не тврдам дека знам се во животот, но на крај краева јас сум твојата баба и сакам да бидеш среќна. А овие мои совети нема да ти сметаат.

Не плаши се од паѓање

-Лулај се, лизгај се, вози велосипед, ролери и не плаши се да паднеш. Ќе боли, но воедно ќе научиш да бидеш брза и да станеш кога ти се плаче.

Не плаши се да го покажеш своето гледиште

-Не е твоја обврска да молчиш ако нешто не ти се допаѓа или ако со нешто не се согласуваш. Не го криј своето мислење ни поради другарство ни поради љубов. Ако не слушаат што имаш да кажепш или бараат да бидеш лојална – тргни се од такво другарство и од таква љубов.

Не срами се да се извиниш

Само храбрите девојки умеат да се извинат и да ги соогледаат своите грешки, а јас баш би сакала да бидеш таква. Не е лесно да се каже: „Извини, не бев во право. Како можам да ја поправам ситуацијата? “ Но тоа треба да се научи, а кога ќе го научиш, никој нема да те победи.

Не плаши се да добиеш лоша оценка

Единица воопшто не е страшна работа. Единица ти укажува наслабите точки и ти зборува на што треба да поработиш. Слабите оценки не значат дека си глупа. Тоа ти е само мотивација за работа.

Не плаши се ако не бидеш популарна

Додека сите популарни шмизли одат по журки, губат време по разни кошеви, со денови трошеле зна закачување слики на Интернет, ти убаво ќе го совладаш да кажеме, пливањето, пеењето, јавањето и слично. На 18 години тие популарни тие и понатаму ќе ги топлат столиците пред компјутерот, а ти тогаш ќе го освојуваш светот и можеби, навистина ќе тргнеш на пат околу светот.

Не плаши се од тоа што на другите ќе бидеш „чудна“

Од тоа не се плаши ни твојата баба.

Не плаши се од заљубување

Заљубувањето еднаш ќе дојде,а ти радувај се што си пораснала.

Не плаши се од првиот бакнеж

Верувај и на својата баба дека тоа е чудесно.Не плаши се, сите жени во нашето семејство се бакнуваат прекрасно – тоа ни е во крв.

Не плаши се да се омажиш или да не се омажиш

Кога ќе пораснеш никого не треба да го интересира дали имаш бурма на рака или немаш. Но, ако си одлучила да се омажиш и да имаш семеен живот – настојувај да го запознаеш човекот на својот живото, и птооа се ќе биде добро. Нема да те нервираат ниту расфрланите чорапи по целата куќа. И покрај тоа, ќе има кој да те измасира навечер и со кого да го прошеташ кучето.

Не плаши се од раѓање

-Нема да те лажам – боли. Но тоа е нешто најубаво што може да се случи во жвитото на една жена.

Не плаши се од развод

Во жвиотот се и сешто се случува. Најважно е да не очајуваш и да не се повелкуваш во себе. Разводот не е крај на животот. Тоа е почеток на нешто ново и најверојатно, е интересен и болен.

Не плаши се од самотијата

Понекогаш корисно е да си сам. Може дури и да се уѓива во самотијата. Само, тоа во нашето семејство не трае долго- знам јас.

Не плаши се да заплачеш

Храбрите бираат солзи. Јас сум храбра и го рпавам тоа што го сакам: ако сакам – плачам, ако сакам- се смеам, ако сакам – расфрлам чорапи по цела куќа.

Не плаши се да пробаш нешто ново

-Не мисли на тоа колку години имаш и што ќе речат другите , земај го најдоброто од твојот живото и не е важно колку е неразумно тоа што го сакаш

Не плаши се од страдања

Со годините ќе почнеш повеќе да го цениш животот и уште повеќе да ги сакаш најблиските. А може подоцна и ти ќе напишеш писмо на своите внуци.

Не плаши се од заминување на најблсиките

Долго се двоумев дали да ти го пишам ова, но ќе ги изгубиш најблиските, блсиките луѓе заминуваат, но љубовта останува…

Те сака твојата баба…

Почина млада српска пејачка

Српската пејачка Хариета Симиќ, позната под прекарот Харина, почина од рак на 13 април во Смедерево, во болница, на 41-годишна возраст. 

Пејачката за страшната дијагноза дознала пред две години, а бидејќи ракот веќе се проширил, и биле отстранети двете дојки и почнала со хемотерапија.

Хариета на својот Инстаграм профил неодамна раскажа за својата тешка судбина и ги замоли сите луѓе со добра волја да ѝ помогнат преку Инстаграм доколку имаат можност.

По операцијата кога ми ја отстранија дојката, одев на хемотерапии и ми рекоа дека сум здрава, меѓутоа, само два месеци подоцна отидов на контрола и докторката ми најде метастази на вратот – раскажала тогаш Хариета, која по операцијата почнала да добива различни симптоми, почнала да кашла и добила антибиотици.

– Ништо не ми помогна, а потоа отидов на снимање на белите дробови и открија дека имам метастази насекаде по белите дробови. Се чувствувам како да имам еден тон на градите, тешко дишам – раскажала пејачката.

Нејзиниот сопруг ја напуштил седум дена по операцијата. И рекол дека има нова жена и дека со неа ќе се венча.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

Приказната за скопското бездомно куче Чопер и виетнамскиот јутјубер Ву

Македонските граѓани трагаа неколку денови по бездомното куче Чопер,тоа повторно се најде во рацете на неговите сопственици кои случајно го запознаа, додека биле на привремен престој во Скопје.

 Тие утре, заедно со бездомното куче од скопските улици, ќе отпатуваат за Германија.

Приказната започна на социјалните мрежи каде што младиот тиктокер и јутјубер, Филип Ву, кој потекнува од Виетнам, побара помош од Македонските граѓани. Овој човек патувал на повеќе дестинации во светот, а животот го донел и во нашата земја.

„Ако сте од Скопје, Македонија или знаете некој од таму, ми треба вашата помош …“, го започнува видеото.

На својот „Инстаграм“ профил, Ву објаснил како додека престојувал во нашата татковина започнал да се грижи за бездомно куче, хранејќи го секојдневно. По извесно време, кучето ја стекнало неговата доверба и почнало да го пречекува кога и да се враќал дома.

Љубовта била обострана, па така овој човек се одлучил да го посвои животното, откако ќе се врати од Германија во Македонија со автомобил. За тоа време, планот бил кучето да престојува кај неговиот пријател од Скопје.

Но, во периодот додека бил отсутен кучето се изгубило.

За среќа, со помош на македонските граѓани, Чопер е пронајден и заедно со јутјуберот Филип Ву, „ќе поднесе документи за германско државјанство“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Phillip Vu (@phillipqvu)

Популарно