Јоци со порака до Заев: Според посетеноста вечерва на журките „Северна Македонија" - ерга омнес, нема да стаса ни до Стојаков

„Според посетеноста вечерва на журките на Зоки, ,,Северна Македонија"-ерга омнес, нема да стаса ни до Стојаково, камоли до Брисел.

Ти реков, маци. Немој после ,,ова она"...

Повози точак и чуј ги луѓено на автобуски и по маркети што зборат, излези на воздух. Вака, во конзерва, ништо не слушаш.“

Заев не го знаел законот - се повлекува од позицијата Министер за финансии

Премиерот Зоран Заев ќе го повлече предлогот истовремено да биде министер за финансии.

Седницата за избор на нови членови на Владата требаше да почне во 11 часот, но сѐ уште не е почната токму поради оваа причина.

Засега ќе нема предлог за нов министер за финансии, но не се знае ни дали Драган Тевдовски ќе остане на функцијата.

Антикорупциска: Заев не може да биде министер за финансии

Премиерот Зоран Заев истовремено не може да биде министер за финансии, но може да раководи со ресорот, објаснува за Фокус претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

-Законот за антикорупција е јасен и јасно предвидува дека премиерот истовремено не може да биде министер и дека овие две функции се непоиви. Меѓутоа, Законот за влада му дозволува да раководи со одреден ресор во одреден период во определни услови – вели Ивановска.

Целиот текст на Фокус

Муареми: Комплетно ќе прочешламе како Иванов дошол до становите

Директорот на финансова полиција во вечерашното гостување во 24 Отворено изјави дека се испитува и потеклото на имотот и на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов. Претседателката на антикорупциската комисија Билјана Ивановска посочи дека доколку Антикорупциска утврди дека имотот на одреден функционер се зголемил значително повеќе во однос на неговите примања, може да отвори постапка за испитување на имотната состојба. 

„Ние отворивме постапка за испитување на потекото на имотот на поранешниот претседател. Тоа не е едноставна работа и соработуваме не само со финансиска полиција и со многу други институции кои треба да ни обезбедат податоци. Дел од тие податоци се обезбедени и другиот дел од истрагата се води во финансова полиција и додека не се заврши се е во тек“  изјави Ивановска.

„Факт е дека имаме законска обврска да соработуваме и од страна на ДКСК има побарано асистенција да се помогне во делот на водење на финансиската истрага и утврдување на точната разлика којашто е од имотот кој е пријавен на легален начин и имотот кој не е пријавен, односно да се утврди делот колку е разликата од непријавените приходи. Управата на финансика полиција е спремна во делот на водење на вакви истраги, но тоа е макотрпна работа и може да трае подолг временски период од тоа што мое да се очекува. За истиот случај е известено и ЈО дека водиме таков случапредмет заедно и доколку и тие имаат одредени насоки мое да ги дадат“ - изјави Муареми.

Тој посочи дека во оваа фаза на истрагата се бара се и потеклото на парите, од каде се и на кој начин е стекнати и дали становите се стекнати преку компензација.

Популарно