По 13 години, FIAT го запира производството на моделот Punto

Според последните информации, FIAT во скоро време нема да го претстави наследникот на моделот Punto, а производствените погони од кои 13 години излегуваше нивниот претставник во В сегментот ќе бидат прилагодени за идното производство на вториот SUV модел на Maserati.

Прекинот на производството на Punto беше најавено на почетокот на јуни, кога раководството на групацијата Fiat-Chrysler го изложи петгодишниот план во кој најмногу се споменувани новите модели на Alfa Romeo и Jeep. 

Првата генерација на Punto која се произведуваше од 1993 до 1999 година ја освои наградата "Европски автомобил на годината" во 1995 година и одлично се продаваше на пазарот ширум светот, а познатата компанија Bertone произведе 55 илјади примероци со мек покрив на расклопување. 

Втората генерација на популарната "Точка" беше претставена кон крајот на 1999 година и во продажба (како поевтина верзија) остана пет години по претставувањето на третата и последна генерација Punto, која премиерно се појави во 2005 година. До 2012 година, автомобилот го носеше името Grande Punto.

Без значајни технолошки подобрувања, Punto во последните неколку години сè повеќе заостануваше зад некои конкурентски модели, а последниот "шамар" пристигна од EuroNCAP, бидејќи според актуелните нормативи Punto во симулација на различни судари не освои ниту една ѕвездичка.

Мета им се извини на корисниците: Работиме на тоа да се вратат апликациите во нормала

„Свесни сме дека технички проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме работите да се вратат во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, се вели во нивното соопштение.

Од попладнево има дефект на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Околу 19 часот корисниците почнаа да пријавуваат проблеми со социјалните мрежи на веб-страницата Down detector, која ги следи техничките проблеми со социјалните мрежи и веб-страниците ширум светот.

Видео: НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА го лансираше вселенското летало „Европа Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа, каде што, се верува, може да има услови за развој на вонземски живот во огромниот океан под ледената површина.

Со своите шест тони, најголемото летало што НАСА некогаш го изградила за меѓупланетарна мисија, „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата на оваа огромна гасовита планета и ќе ѝ се доближи на нејзината ледена месечина. Вселенското летало полета ракета „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, САД.

Тој вселенски лет е долг повеќе од три милијарди километри и ќе трае до 2030 година.

На пат кон Јупитер, доколку не се јават непредвидени проблеми, вселенското летало прво ќе мине и покрај Марс и ќе се врати во орбитата на Земјата пред „да се катапултира“ кон Јупитер.

Научниците се речиси сигурни дека има длабок замрзнат океан под ледената обвивка на Европа и укажуваат дека онаму каде што има вода, може да има и живот, што ја прави оваа месечина едно од посоодветните места за потрага по услови за живот. Сепак, како што соопшти НАСА, „Европа Клипер“ првично нема да бара облици на живот бидејќи нема детектори и инструменти за таков вид истражување.

Популарно