ВИДЕО: Дали фудбалската репрезентација ќе се квалификува на Европското првенство?

По успешниот почеток на четвртата сезона, во недела следи втората епизода на „Фчерашни новости“. Еве што подготви екипата:

- Ексклузивно: Фчерашни на протестот на #Бојкотирам 

- Шпекулација или не: Дали фудбалската репрезентација ќе се квалификува на Европското првенство? 

- Како се прослави роденденот на најмладиот член во еден мешан брак 

Гледајте „Фчерашни новости“ во недела од 19:30 часот на „Канал 5“. 

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно