Сакате работа во Германија, ова мора да го знаете

Неодамна објавената информациа дека германската Влада усвои Закон за вработување работници од странство одекна во балканските земји кои не се членки на Европската унија, но и пошироко.

Можеби и премногу, па агенциите за посредување при вработување се преплавени од заинтересирани за брзо заминување во Германија.

– Луѓето ни се обраќаат и практично мислат дека веќе за некој ден можат да тргнат, велат од агенцијата „Наиша-Мед“ од Ниш.

Никола Смијаниќ, економист, кој живее во Хамбург, еден е од авторите на блогот „Германско катче“, осмислен да им помогне на луѓето од Балканот кои сакаат да работат или да се школуваат во Германија, вели: „За усвојување на новиот германски закон практично слушнав во балканските медиуми, додека во Германија исклучиво се споменува нацрт на тој закон, кој се уште не е усвоен, така што луѓето од Балканот се лошо информирани“.

Во морето лажни и непроверени вести мораше да интервенира и Амбасадата на Германија. На веб страницата се објавени информации со три најважни факти – дека законот не стапува во сила на почетокот на 2019 година, дека граѓаните од државите кои не се дел од ЕУ не можат под истите услови да се вработат во Германија, како и дека и натаму им е потребна виза за работа во Германија.

По советите на експертите со кои разговараше Би-Би-Си можеби ќе ви стане појасно што се треба да знаете за новиот Закон за работни односи во Германија.

1. Кога можете да одите – не можете веднаш

Германската Влада се уште не го усвоила законот, туку се работи на Нацрт-закон на владејачката коалиција, што треба да помине низ сите институции на Владата за да биде потврден, а дури по одреден период ќе стапи во сила.

Иако се очекува дека се ќе биде подготвено за 1 јануари 2020 година – тоа и не мора да се случи.

– На граѓаните не им е доволно јасно претставена веста за новиот закон. Само се очекува дека тоа ќе се случи до 2020 година, дека законот би можел да почне да се применува. Она што исто така не го знаеме е како тој ќе изгледа на крај, ова е само предлог, велат од Германската амбасада за Би-Би-Си.

Дури и ако законот почне да се применува наредната година – тоа не значи дека можете од 1 јануари 2020  година да го спакувате куферот и да се упатите кон Германија според новите услови.

– Дури и да најдете работодавач, може да поминат месеци додека добиете документи. Се оди преку Амбасадата на Германија или Конзултатот. Доколку не се намали времето на чекање во конзуларните одделенија на амбасадите во поранешните југословенски републики нема многу да се олесни процесот на заминување работници во Германија, велат од Агенцијата „Наиша-Мед“.

2. Кој се може да оди

Никола Смилјаниќ се преселил во Германија во 2010 година. Заминал на студии, а потоа и се вработил.

Неговиот пријател Филип Перишиќ, исто така Србин, кој живее и работи во Германија, го повикал пред неколку години и му пределожил да започнат да водат блог.

– Се повеќе другари од Балканот ни се јавуваа и прашуваа како сме заминале. Потоа не повикуваа другарите на другарите, и така тоа стана помасовно. Не можевме повеќе на сите оделно да им одговараме и затоа почнавме да пишуваме. Ние не советуваме, туку се обидуваме да им ги појасниме правилата, да им ги пренесеме информациите и да споделиме искуства поврзани со тоа што сме го поминале. Не сакаме никого да го туркаме во ниту еден правец, туку само да помогнеме во собирањето информации при донесувањето одлуки, вели Никола за Би – Би – Си.

За блогот досега пишувале 15 академици од просторите на поранешна Југославија. Темите се различни – од тоа како да заминат на факултет или да најдат работа во Германија, до секојдневни работи – која банка е најдобра или како да се најде стан.

3. На кого ќе му биде лесно и колку

Никола објаснува и кој може полесно да се пресели доколу се донесе новиот закон:

– Треба да се знае дека ништо нема да биде лесно, но може да стане полесно за луѓето со средна стручна подготовка. На оние со факултет веќе им е овозможено да дојдат и да бараат работа со помош на сина карта, иако за тоа не се пишува многу. Моментно, луѓето без универзитетска диплома можно е да дојдат само ако нивната професија е дефицитарна. За останатите професии треба прво да се провери дали некој работник од Германија или некои други земји од ЕУ може да ја преземат таа работа. Списокот на дефицитарни професии се укинува кога ќе се воведе новиот закон, па германските и граѓаните на ЕУ повеќе нема да бидат привилегирани, појаснува Никола.

4. Колку време се чека за документи

Пак треба да се вратите – на шалтер.

– Не е јасно колку ќе трае процесот за подготвување на документите ако се усвои новиот закон, а од тоа ќе зависат сите работи, велат од Агенцијата за посредување.

Никола Смиљаниќ документите ги чекал само два месеца, но во 2010 година.

– Секој има поинакво искуство. Имам познаници кои се обидуваа да го состават семејството и за тоа им требаше 1,5 година. Проблемите се бројни – од недобивање термин во Амбасадата до документи, кои не можеле да ги набават и слично. Некогаш луѓето чекаат по четири-пет месеци, вели Никола.

Новата стратегија на Владата на Германија ги обрзува очекувањата конзуларните одделенија на амбасадите да доделуваат термини најдолго во рок од 14 работни дена од поднесувањето на барањето. Одлуката за одобрување на визата би требало да се донесе во рок од три недели по терминот.

И во Германија, вели Никола, се води полемика колку луѓето ќе работат на ова кога ќе се усвои законот.

Идејата е да се направи централно одделение за странци и комплетно да се дигитализира, бидејќи, иако на многумина им делува чудно, сите документи кои треба да се испратат за виза во Германија не одат преку мејл, туку физички.

5. Закон кој ќе реши се? – Не

Овој закон само ќе ви овозможи потенцијално полесно да отидете за Германија, но оваа земја усвојува сет закони кои треба и да ви го олеснат животот – кога еднаш ќе отидете.

– Моментно голем број луѓе се интересираат како да отидат, а вистинските проблеми се случуваат кога ќе се најдат во некој германски град со куферите, без ништо. Тогаш дури почнуваат да ни се јавуваат, вели Владимир Новак, консулатант во Агенцијата за посредување при вработување луѓе од Србија во Германија.

– Досега во Германија за признавање документи беа задолжени речиси 1.500 институции, а само неколку од нив се во надлежност на сојузната влада. Мнозинството припаѓаат на сојузните покраини во кои се наоѓаат, појаснува Никола Смиљаниќ и додава: „Тоа значи дека секоја покраина има различни правила што можат да доведат до конфликт и до продолжување на обработката на случаите“.

Баланс меѓу работа и живот: Кога можете да побарате скратено работно време?

Во брзиот свет во кој живееме, балансирањето помеѓу професионалните обврски и личниот живот станува сè поважно. Скратеното работно време е еден од начините како вработените можат да го постигнат овој баланс - а тоа не е само добробит за работниците, туку и за општеството во целина.

Кога имате право на скратено работно време?

Во Македонија, правото на скратено работно време е регулирано со Законот за работни односи. Вработениот има право да побара скратено работно време во следниве ситуации:

  • Трудничко или породилно отсуство (и по неговото завршување, заради продолжување на грижа за детето).
  • Родител на дете до 3-годишна возраст или дете со посебни потреби.
  • Лица со утврдена инвалидност или хронична болест, ако тоа го препорачува лекар.
  • Грижа за болен член на потесното семејство, според лекарски доказ.

Секое барање мора да биде поткрепено со соодветна документација, а работодавачот е должен да го разгледа и да даде одговор во законски рок.

Кои се бенефитите од скратеното работно време?

За вработените:

  • Подобро ментално здравје - Помалку работни часови значат повеќе време за одмор, семејство, пријатели и хобија.
  • Зголемена продуктивност - Истражувањата покажуваат дека луѓето кои работат пократко, често се поефикасни во работното време.
  • Поддршка за родители - Мајките и татковците имаат реална можност да бидат повеќе присутни во животот на своите деца.
  • Поголема флексибилност - Работниците можат полесно да менаџираат приватни обврски (на пр. лекари, училишни активности и сл.)

За работодавачите:

  • Повисока лојалност од вработените - Кога компанијата покажува разбирање, вработените се помотивирани.
  • Помал отсутен кадар - Скратеното работно време често резултира со помалку боледувања и стрес.
  • Позитивен имиџ на пазарот на труд - Компаниите кои нудат флексибилност се попривлечни за нови таленти.

За општеството:

  • Поддршка за семејства и раѓање деца - Младите семејства полесно се одлучуваат на потомство кога имаат реална поддршка.
  • Инклузија на ранливи групи - Лица со здравствени предизвици полесно остануваат или се враќаат на работа.
  • Намалување на иселувањето - Со подобри работни услови, граѓаните имаат повеќе причини да останат и да придонесуваат дома.

Како да побарате скратено работно време?

  • Проверете дали спаѓате во некоја од законски утврдените категории.
  • Соберете ја потребната документација (на пр. лекарско мислење, извод од матична книга на родени итн.)
  • Поднесете барање до работодавачот во писмена форма.
  • Чекајте одговор од работодавачот, кој е должен да одговори во разумен рок.

Скратеното работно време не е само привилегија тоа е алатка за подобар живот. Со негова примена, се гради порамнотежено општество во кое човекот не е само работна сила, туку и родител, граѓанин и поединец со лични потреби. Со повеќе поддршка и информираност, и работниците и работодавачите во Македонија можат да добијат не губејќи продуктивност, туку градејќи стабилност.

Се уште не можете да ја пронајдете вашата идеална кариера, прочитајте и за: Водич за избор на професија според вашите вештини и интереси

Како си поминавме на Brainster Job Fair?

Со задоволство учествувавме на второто издание на Brainster x Brainster Next факултет Job Fair – настан кој не само што го исполни просторот со ентузијазам, туку и со надеж за нови почетоци. 💯

Веднаш се почувствува возбудата кај посетителите: безброј млади и талентирани кандидати, полни со идеи и мотивација, кои се подготвени да направат храбар чекор напред во својата професионална приказна. 🤩

Разговаравме со нив за нивните размислувања околу пазарот на труд, за праксите и можностите кои ги гледаат за себе – а ние, како KARIERA.mk, со задоволство споделивме совети и насоки за тоа како да ја пронајдат вистинската можност и како ние можеме да им помогнеме на тој пат.

Посебно ни беше драго што на саемот се сретнавме со голем број наши соработници и реномирани компании кои, исто како и ние, беа таму со истата мисија – да отворат врати за нови таленти и да ја збогатат професионалната сцена со свежа енергија и нови перспективи. 👏

Голема благодарност до Brainster за одличната организација и за тоа што повторно создадовте платформа за поврзување, инспирација и раст. 💌

Со нетрпение ги очекуваме следните настани и новите прилики да бидеме таму каде што младите таленти го прават првиот чекор во својата кариера. 🚀

Марш за одбележување на Светскиот ден на мултипла склероза

Одбележување на Светскиот ден на мултипла склероза

"Мобилност Скопје" со целосна поддршка од "Мобилност Македонија", десетта година по ред го организира настанот за одбележување на светскиот ден на мултиплекс склероза заедно со ограноците на Параплегија, Дистрофија и за прв пат Детска парализа. Ова одбележување цели кон подигнување на јавната свест за овие дијагнози и состојби, брза интеграција на лицата атакувани од нив во општеството, поуспешна информираност за правата и обврските како и развивање на социолошката компонента за добробит на заедницата.

Целта на маршот беше да се подигне свеста за специфичните потреби за поквалитетен живот и социјална инклузија на овие луѓе.

Прочитајте ја цела вест на Kanal5.com.mk

Популарно