Како на лето да имате најшарена градина

Сакате да имате прекрасна градина на лето?

Ви препорачуваме да ги послушате овие совети за садење цвеќиња.

Бројни билки се садат во март, а тоа асе главно цветници кои ќе процветаат во јуни, пишува Стил.рс

На почетокот на март треба да се садат гладиоли, кали, амарилис, лилјани и други. Доколку сакате ова цвеќе убаво да фати, неопходно е да го засадите најдоцна до мај.

Вистинско време за садење на цвеќиња е кога ќе помине опасноста од мраз, а цвеќињата треба да ги поставиме на места каде има сонце.

Длабочината на садниците зависи од видот на цвеќето па пред да засадите, добро информирајте се за билката која асте ја одбрале.

Исто така, важно е да направите раздалеченост на садниците за секоја билка да се развива во најдобри услови. Така на гладиолите им треба оддалеченост од 12 до 15 сантиметри. Лилјаните бараат да бидат одвоени од другите билки 30 сантиметри. Далиите пак, треба да ги садите на раздалеченост од најмалку 40 сантиметри.

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно