Домашна маска за коса, прави чуда и со најоштетената коса - го зајакнува влакното

Маската за коса од обичен квасец е едноставно, но и многу ефикасно средство кое може да направи чудо за вашата коса. Квасецот одговара за сите типови на коса и е одличен сојузник во борбата против опаѓање на косата, но само ако го користите редовно.

Како превентивна мерка за побрз раст на косата, маската од квасец се користи еднаш неделно, 10-15 седмици по ред. Потоа се прави пауза од 3 месеци и постапката се повторува по потреба. Ако вашата цел е лечење на косата, обновување и зајакнување, маската можете да ја применувате и 2 пати неделно, 6-8 седмици по ред. Маската можете да ја направите сами во домашни услови, а рецептот е следен:

Во 1 супена лажичка топло млеко растворете 1 кафена лажичка мед или шеќер, а потоа додајте 20g свеж квасец. Течноста оставете ја на топло место за да нарасне, отприлика 15-20 минути. Потоа додајте 1 жолчка од јајце и добро промешајте ги сите компоненти за да ја изедначите смесата.

Добиената смеса нанесете ја на чиста и влажна коса, а потоа замотајте ја во пешкир. Маската оставете ја да ви постои 50-60 минути и потоа измијте ја темелно со вода и шампон. Составот на маската можете да го менувате со тоа што ќе додадете рицинусово или маслиново масло, јогурт, сок од алое вера, меѓутоа состојката квасец останува иста. Очекувајте неверојатни резултати.

Подгответе се за розевата месечина

Полната месечина или позната како „розева“ месечина на небото ќе сјае вечерва, но какво значење има таа? Името не го добила заради тоа што е навистина розева, иако има навистина убава боја, туку нејзиното име доаѓа од старата индијанска традиција на именување на месечините. 

Имено, ова е прва полна месечина по пролетната рамноденица, а името го добила според дивите цвеќиња флокс, кои имаат специфична и многу убава розева боја, а цветаат во овој период.

Полната месечина овој Април е специфична заради тоа што го до диктира почетокот на многу празници. На пример Велигден паѓа на првата недела после полната месечина која се појавува после пролетната рамноденица. Исто така го диктира почетокот на еврејската Пасха и фестивалот Хинду.

На близнаци им дале имиња Ковид и Корона

Пар од индискиот град Раипур нашле необична инспирација за време на пандемијата од коронавирусот. За секогаш да се сеќаваат на времето кога ги добиле децата, еден пар од Индија своите новороденчиња близнаци ги крстиле Корона (девојчето) и Ковид (момчето).

И Индија е тешко погодена од епидемија од вирусот Ковид-19, а цела земја веќе со денови е во потполна блокада. Мајката (27) вели дека засега ова ќе бидат нивните имиња, но можно е да ги променат во иднина.

-Благословена сум со близнаци, девојче и момче. Засега ги крстивме Корона и Ковид. Ги родив во тешки околности па сопругот и јас сакавме тој ден да остане запаметен, рече таа.

Популарно