Искористете ги сега нив

Тие спаѓаат во растенија богати со есенцијални масла кои имаат благотворен и смирувачки ефект на варењето се нарекуваат карминативи.

Во комбинација со камилица и глуварче, овие зачини го стимулираат создавањето на ензими потребни за целосно и ефикасно варење на храната, и намалување на работата на бактериите кои создаваат гасови.

Проблемот со надуеност можете да го решите така што ќе направите едноставен пијалок со здрави состојки.

Потребно е:

чаша ладен чај од камилица или глуварче

чаша јагоди

чаша парчиња ананас

јогурт со пробиотични бактерии

лажица мед

една чаша коцка мраз

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и миксајте додека не добиете хомогена мешавина.

Бешамел со печурки

Направете совршен бешамел сос со печурки.

СОСТОЈКИ:

6 печурки

1 лажица брашно

малку маргаин

500 гр. млеко

сол и бибер

ПОДГОТОВКА:

Се сечат печурките ситно.

Се топи маргарин на оган и се ставаат печурките додека поруменат.

Се става брашно и сепржи заедно 5 минути.

Се става млеко и зачини.

Се крчка уште малку и сосот е спремен.

Бешамел сосот послужете го со тестенини, пилешко месо или топено сирење во фурна

Извор: Готви.мк

Ладна пилешка салата

Вкусна салта со пилешко – идеален летен оброк.

СОСТОЈКИ:

400 гр пилешки гради

1 главица зелена салата

300 гр домати

200 гр фета сирење

пченка

сок од лимон

маслиново масло

сол

бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

На тава со масло пропржете пилешко тенко исечкано на ленти додека не поприми еднолика боја од сите страни. Фета сирењето исечкајте го на коцки, доматите на парчиња, а зелената салата исечкајте ја на помали парчиња.

Измешајте пилешко и сите состојки за салата и зачинете со маслиново масло и со сок од лимон.

Извор: Готви.мк

Брз и вкусен летен ручек

Полнето бело месо, прсти да излижеш!

СОСТОЈКИ:

500 гр пилешки гради

100 гр рукола

5 лути пиперчиња

150 гр фета сирење

2 јајца

брашно

презла

сол

бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Пилешките гради исечкајте ги на шницли и зачинете. Руколата и пиперчињата исечкајте ги. Полнете го пилешото со зеленчук, сирење и замотајте. Извалкајте ги во брашно, разматени јајца и презла. Кога тоа ќе го завршите, пржете во загреано масло додека не поруменат.

Сервирајте го месото со ориз или зеленчук по желба.

Популарно