ВИДЕО: Силното невреме во Охрид ја “проголта” плажата во Трпејца

Силното невреме кое вчера попладне го зафати охридско-преспанскиот регион остави пустош зад себе. Жителите на излетничките места денеска се справуваат со последиците од невремето.

Вистински хаос владеел и во Трпејца, каде езерото буквално ја проголтало плажата, а наоколу паѓале дрвја.

Погледнете:

Богаташка и понатаму во страв 2 години после кражбата во нејзиниот дом

Животот на Тамара Еклстоун, ниту две години после големата кражба не се вратил во нормала. Имено, овојпат открила дека нејзината ќерка сè уште живее во страв од крадците. Малата Софија речиси секојдневно ги прашува родителите дали крадците ќе се вратат.

Иако, за среќа, никој од нив за време на кражбата не бил во домот, семејството сè уште тешко спие и чувствува непријатност поради целата ситуација. Да потсетиме, Тамара во 2019-та година стана жртва на крадци кои од домот во Лондон украле накит вреден околу 60.000.000 евра.

Станот бил ограбен во 50 минути, само неколку часа откако Тамара со семејството отпатувала на божиќен одмор. Кражбата ја шокирале и нејзините соседи, со оглед дека се се случила во елитна населба во која камерите снимаат 24/7, а полицијата редовно прави контрола.

Чуварите биле на имотот и за време на кражбата. Крадците поминале низ градината и се упатиле кон собата со сефови. Додека бегале ги забележал еден од чуварите, но не успеал да ги спречи. Инаку, Тамара во вилата од 57 соби живее со сопругот и ќерката Софија. Меѓу украдениот накит бил и вереничкиот прстен, вреден околу 100.000 евра.

Погледнете што предвидела баба Ванѓа за 2021 година

Баба Ванѓа, слепата гатачка од Бугарија, почина пред 24 години, но нејзините пророштва сè уште ја интригираат јавноста. За 2021 година, таа предвидела дека ќе биде година на страдања, катаклизми и големи катастрофи.

Вангелија Гуштерова – попозната како Баба Ванѓа го изгубила видот на 12-годишна возраст и тврдела дека Бог и подарил видовитост. Таа има направено предвидувања до 5079 година, кои се објавуваат секоја година.

Именом, таа наводно успешно го предвидела нападот врз кулите близначки од 11 септември, како и познатиот „Брегзит“.

За 2021 година таа кажала дека ќе биде година на страдање. За познатиот актуелен американски претседател Доналд Трамп предвидела дека ќе се разболи од мистериозна болест откако ќе ја напуштила Белата куќа. Таа навела дека од болеста тој ќе стане глув, и дека тоа ќе влијае на неговите мозочни клетки.

Според нејзините пророштва, некој ќе се обиде да го убие рускиот претседател Владимир Путин, додека пак хемиско оружје ќе се користи против Европејците.

Ванѓа предвиде дека лек за рак ќе се најде во наредната година со зборовите „ќе дојде денот кога ракот ќе се заузда со железни ланци“. Производството на бензин ќе престане бидејќи возовите треба да започнат да ја користат сончевата светлина.

„Доаѓаат тешки времиња. Луѓето ќе бидат поделени според нивната вера. Сведоци сме на разорни настани што ќе ги променат верата и судбината на човештвото“, предвидела Баба Ванѓа.

Популарно