ВИДЕО интервју со Боки 13: Највеќе пари сум заработил од оние што ме нарекуваа „Пeд*р“

Бојан Јовановски, контроверзниот лик познат како Боки 13, кој во последно време е актуелен како осомничен во случајот „Рекет“, во едно интервју за емисијата „Еден на еден“ изјавил дека за она што треба да го сработи, или наплаќа многу или работи за џабе, бидејќи не сакал да се пазари и некој да му ја потценува вредноста. Во ова интервју тој признава дека наплатил 200.000 евра за 4 месеци за турнеја во Србија и додава дека најмногу заработил од оние што со потсмев го нарекувале педер и зборувале „Види го, педер“ – пишува порталот МКД.мк

Во 2018 година вкупните приходи на телевизијата 1ТВ што тој ја отвори изнесувале 39,232 милиони денари (околу 637 илјади евра), а приходите од рекламирање 33,944 милиони денари (околу 550 илјади евра).

Но, од многуте фотки со брендирана роба и луксузните автомобили постирани по социјалните мрежи, сега за сега му останаа само спомените. По луксузот Боки 13 заврши во Истражниот затвор во Шутка, а голем дел од брендираната роба заврши во заплените за случајот за кој тече истрага.

Од она што досега е објавено, на списокот на рекетирани имало триесетина бизнисмени. Некои од нив веќе имале средби со обвинителката што го води предметот „Рекет”, Вилма Рускоска.

Ако целиот случај се погледне одозгора, може да се даде една ваква дефиниција – луѓе од власта, со помош на еден или двајца специјални обвинители и еден или двајца извршители-рекетари, изнудувале пари со помош на веќе отворени или можни нови случаи на СЈО, по што со дел од парите ја одржувале телевизијата 1ТВ во живот, чија пак уредничка задача била заштита на политиките на власта.

Другиот, поголем дел од парите, бил подеднакво делен. Во кеш.

Досега во Основното јавно обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“ изјави дале десетина бизнисмени, двајца градоначалници, адвокати и бројни други посредни и непосредни сведоци во рекетот на првиот човек на 1ТВ Бојан Јовановски.

Во целата мрежа на Боки 13 била вклучена и неговата невладина организација Меѓународен сојуз преку која исто така се извлекувале стотици илјади евра и се пробувало да се добиваат маркици за изградба на објекти за социјална намена.

Повеќе на МКД.мк

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот

Иако веќе неколку години се зборува да се прекине со оваа пракса на поместување на времето сепак таквите најави не се остварија и затоа летното сметање на времето почнува од вечерва поточно од 2 часот по полноќ.

Тогаш стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред и времето ќе се смета како од 03:00 часот.

Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што тогаш со поместување за еден час наназад, времето во 03:00 часот, ќе се смета како 02:00 часот.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата во вторникот.

Популарно