Ова е „лекот “ за бели заби

Куркума (науч. Curcuma longa е зелјесто повеќегодишни растение од семејството ѓумбирите (Zingiberaceae).[2] Потекнува од Индискиот потконтинент и Југоисточна Азија, и расте на температури помеѓу 20 and 30 °C (68–86 °F) и бара значителна сума на годишни врнежи за да напредува. Растенијата се собираат еднаш годишно за нивните ризоми и пропагира од некои од тие ризоми и за следната сезона.

Бидејќи дава  пријатен и интересен вкус на јадењата, како и интензивна жолта боја се почесто се  користи зво кулинарството. 

Надвор од кујната, куркумата има голем број здравствени придобивки, како тоа да помага за регулирање на шеќерот во крвта, го намалува ризикот од срцеви заболувања, има антисептички и антимикробни својства, ги намалува воспаленијата како резултат на артритис и не на последно место – помага за белење на забите.

И покрај фактот дека овој зачин има толку заситена жолта боја, тој го отстранува успешно плакот од забите и ги убива бактериите во устата, ги заздравува непцата, а крајниот резултат се бели, здрави и сјајни заби.

За да си направите паста за белење ќе ви бидат потребни 1 лажичка куркума и една лажица вода или маслиново масло. Промешајте многу добро и нанесете ја пастата на влажна четка за заби.

Четкајте бавно во текот на 2-3 минути, а потоа држете ја пастата во устата за неколку секунди. На крај исплакнете ја устата обилно со вода. Применувајте го овој трик секој ден, по миењето на забите со обична паста. По една недела резултатите ќе ќе се видливи.

Предлог за денешен ручек

Кремаста чорба од сирење…

СОСТОЈКИ:

2 праза

1 чешне лук

масло

800 мл супа од зеленчук

150 гр козјо сирење

100 мл павлака за готвење

сол, бибер

2 лажици сок од лимон

2 парчиња бел леб

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Празот и лукот ситно исечкајте ги. Во лонец загрејте масло и на него издинстајте ги празот и лукот. Налијте со супа од зеленчук и оставете да се вари.

Иситнете го сирењето и со павлаката додајте го во чорбата. Мешајте на слаб оган додека сирењето не се растопи. Чорбата испасирајте ја со миксер, додајте сол и сок од лимон.

Лебот исечкајте го на коцки и пропржете на масло.

Извор: Готви.мк

Предлог за денешен ручек

Крцкав компир од рерна со колбаси – одличен ручек!

СОСТОЈКИ:

1/2 кг домашни колбаси

500 гр компири

масло

сол

бибер

рузмарин

оригано

4 чешниња лук

листови магдонос

слатка и лута пипер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Компирите исчистете ги и исечкајте ги на тенки листови. Посолете, додајте зачини, намастете и измешајте.

Обложете плех со хартија и во средина ставете колбаси. Компирте ставајте ги на куп еден покрај друг во круг околу колбасите. Уште малку прелијте со масло и печете на 200 степени околу 50 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Предлог за денешен ручек

Рибата подготвена на овој начин има посебен вкус.

СОСТОЈКИ:

800 гр свежа бела риба (ослич)

1 веза магдонос

1 веза копар

масло

сол

бибер

1 лимон

2 лажички зачин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Рибата исчистете ја, измијте ја и исечкајте на парчиња. Посолете, побиберете, прокапете лимон и посипете со зачин. Ставете ги на фолија која сте ја премачкале со маслиново масло.

Од горе обилно посипете со сечкан магдонос и копар, а на секое парче риба ставете парче лимон.

Замотајте во фолија, ставете во плех и околу половина час печете во рерна загреана на 200 степени.

Послужете со варен компир или друг зеленчук по избор.

Извор: Готви.мк

Популарно