Јасна најде плик со 7.000 евра и му ги врати на сопственикот

Прикзната за мистериозниот плик полн со пари, кој завчера на улица ги пронајде риечанката Јасна Врховац, се прошири на социјалните мрежи и за 24 часа доби среќен крај. Познати и непознати помогнаа да се најде сопственикот на седумте илјади евра распослани н аулица.

Благодарение на повеќе од 1.200 споделувања на Фејсбук, откриени се сопствениците, а Врховац, која се занимава со хуманитарна работа, ја открива и целата приказна за хрватската телевизија РТЛ.

Се работело за пари кои синот од Германија му ги испратил на својот татко за да го плати долгот кон банката бидејќи куќата им била под хипотека. Синот всушност и заминал во Германија за нешто да заработи и да ја спасат куќата. Парите за татка си ги испратил по свој пријател, кој ги изгубил на улица. На пликот пишувало само: „За тато“.

Таткото, кој живее на островот Крк, извадил од пликот 1.000 евра и како благодарност ѝ ги понудил на Јасна, но таа ги одбила.

Зошто Џамбазов плаче „тајно“?

Глумец, пеач, водител шоумен тоа е Игор Џамбазов, тој со новата животна приказна апослутно никого не може да остави рамнодушен. Неговиот живот беше испреплетен со подеми и падови, порази, изгубена љубов, професионални успеси, трнлив пат и вротглаво возење по работ…

Живот кој наликува на ролеркостер и кој може да послужи како пример и лекција на помладите генерации. Човек феникс, мултиталент, еден и единствен.

Заврши мојата ера со пороците. Веќе две години не сум ставил капка алкохол во устата. Се чувствува разликата и ментално и физички и вербално, мозокот работи 300 на час. Почнаа да ми текнуваат работи кои ги имав заборавено, а ги имав изгубено, стари лаптопи, тетратки… Почнаа да ми се појавуваат цели приказни. Можеби е перверзно јас да ве учам на здрав живот, но еве една порака до сите оние кои пијат – одземете од гаста и еден ден организмот сам ќе ви каже кога треба да прекинете”, вели Џамбазов и додава дека откажувањето од алкохолот не се разликува од откажувањето од тешки дроги.

На прашањето дали жали што ја изгубил Искра, Игор вели дека жали што го изгубил тоа време:

Не само Искра, туку и начинот на живот кој го имавме, пријателите, патувањата… Иако бракот полека умира, ми недостига тој заеднички живот, утринското кафе со некого, заспивањето со некого… Но, во следниот живот можеби ќе знам да се справам со жените, во овој не успеав како што треба.

Освен за бракот, Игор Џамбазов зборува и за тагата која ја чувствува што не се остварил како татко:

Тоа е единствената работа за која навистина жалам и тажам. Пред некое време, еден познат актер ми го остави синот на чување, мораше да замине некаде и јас требаше еден час да го чувам. Дојде кај мене и ми хаправи хаос во станот и во главата. Татко му дојде по него, го изнесов малиот и му реков: “Срце, чичко Игор нема деца и понекогаш си плаче сам, тајно! Заради тоа кога ќе ми дојдеш ти на гости, многу се радувам што немам деца!.

Во продолжение, погледнете го целото интервју:

Видео: Негрижа за националните симболи

За жал државното знаме кое се вее на јарболот во центарот на Прилеп е раскинато и парталаво. На ова негрижа кон државните симбооли  денеска реагираат сите граѓани кои се движеа по плоштадот “Методија Андонов – Ченто”.

Aпел со надлежните веднаш да го променат!

Погледнете:

ФОТО: Направете професионално белеење на забите во една сеанса

Процесот на белење на забите претставува осветлување на природната боја на забите, па токму затоа денес белењето на забите е тренд. Белата боја на забите естетски многу влијае на убавата насмевка и секогаш асоцира на здрави заби, Водород пероксид (H 2 O 2 ) е активна состојка која најчесто се користи во производите за белење и агенсот се испорачува како водород пероксид или карбамид пероксид. За да може белењето на забите да биде успешно, треба професионално и правилно да се дијагностицира видот, интензитетот и локализацијата за промена на бојата на забите.

Посакуваната белина на забите зависи од времето на изложеност и концентрацијата на избелувачкиот агенс. За таа намена најправилно е да се користат специјални клучеви за боја со кои се мери и одредува бојата на забите пред и по белењето. Овие нијанси ја одредуваат ефективноста на постапката за белење, која може да варира по градација од две до седум нијанси. Резултатите од белењето се квалитетни само со правилен протокол на постапката без притоа да се прескокнуваат фазите на работа. Ефектите може да траат повеќе месеци, но постои опција да варираат во зависност од начинот и темпото на животот на пациентот. Конзумирањето на храна која ги пигментира забите или пак пијалоци кои имаат силна боја може да ја загрозат ефективноста на третманот. Тука влегуваат храна и пијалоци кои содржат танини како што се: густо кафе, темен чај, црвенo винo, кари итн.

Во процедурите за белење по протокол се користи ефикасен заштитен слој кој се нанесува на гингивата (непцата) за да се намали ризикот од хемиски изгореници на меките ткива.

Агенсот за белење е карбамид пероксид, кој се распаѓа во устата за да се формира водород пероксид, или самиот водород пероксид. Гелот за белење обично содржи помеѓу 10% и 44% карбамид пероксид, што е приближно еднакво на концентрација од 3% до 16% водороден пероксид.

Популарно