Има решение за целулитот

Претпоставуваме дека и вам овие намирници ви се омилени, меѓутоа ќе треба да ги заборавите доколку сакате да се ослободите од целулитот. И покрај фактот ако имате добри гени и природно имате витка линија, не сте заштитени од целулитот.  За да се елиминира целулитот, потребни се строги правила и дисциплини, што подразбира правилна исхрана, редовно вежбање, козметички третмани и вода во големи количини. Сега ќе се фокусираме само на една ставка, а тоа е исхраната.

Конзервирана храна

Готовата храна содржи натриум во изобилство, што доведува до дехидрација на телото, што е вистински „магнет“ за целулитот.

Сланина

Исто така содржи премногу натриум, што предизвикува до задржување на водата во телото.

Пица

Знаеме дека штотоку ве растаживме, но пицата, за жал, може да ја влоши ситуацијата со целулитот поради големата количина на заситени масти.

Сирење

Да, и сирењето! Делува на целулитот исто како и останатите „забранети“ јадења. Обидете се да го избегнувате целосно.

Неколку факти кои до денес останаа мистерија

Пандемијата „Ковид“ го покори целиот свет, но некои информации дадени од експерти за вирусот се покажаа неточни, а ние не добивме одговор на нив до денес.

За вирусот корона се’ повеќе се зборува дека е повеќе економска отколку здравствена чума. Контрадикторните информации од медицински експерти, кои дадоа збунувачки информации што се покажаа неточни, исто така, придонесоа за тоа до одреден степен.

1. Луѓето не можат да го пренесат вирусот на животните

Прво се зборуваше дека вирусот го пренесувал лилјак, а потоа научниците одлучиле дека луѓето не можат да ја пренесат инфекцијата на животните. Кога било откриено дека некои сопственици ги заразиле своите мачки и тигри, научниците веднаш „објасниле“ дека вирусот мутирал и пренесувањето на животните повторно започнало!

„Младите и здравите луѓе не можат да се разболат и луѓето не ја пренесуваат болеста на мачки – ништо не е точно“

2. Младите и здравите се отпорни

На почетокот, научниците тврдеа дека младите и здрави луѓе се заштитени, бидејќи вирусот ги напаѓа оние со слаб имунитет и вишок тежина. Се испостави дека воопшто не било точно, затоа што луѓето кои биле активно вклучени во спортот, се грижеле за храната и редовно го проверувале своето здравје, доаѓале и до респиратори.

3. Тестот вели „негативен“, а лицето „позитивно“

Илјадници ПСР тестови се вршат секој ден во секоја земја и тие се покажаа како неверодостојни. Поточно, за многумина, овие брзи тестови покажаа дека се „негативни“, а по три дена беа примени во болницата како „позитивни“.

„Мијте ги рацете редовно, а потоа ставете ракавици“

4. Кој е лекот за корона?

Прво, луѓето без симптоми биле испратени дома во изолација, а потоа луѓето биле третирани со „хлорокин“, додека на некои им биле дадени антибиотици и се лекувале. Уште поголема енигма е онаа во која се вели дека луѓето што имале ковид можат повторно да го добијат.

5. Како,всушност, се пренесува?

Експертите продолжуваат да инсистираат луѓето да носат маски и ракавици во затворен простор, и тие рекоа дека корона вирусот се пренесува со капки. Прво рекоа да ги миеме рацете редовно, а потоа почнаа да бараат од сите да носат ракавици. Во Америка е утврдено дека лице кое со месеци немал никаков контакт со луѓе е заразено со вирус.

Предлог за денешен ручек

Направете брзи ќофтиња од компир, без јајца во смесата.

СОСТОЈКИ:

1 кг. компири

1 лажица сол

1 лажиче нане

1 лажиче бибер

масло за пржење

 кисело млеко за сервирање

ПОДГОТОВКА:

Се одбираат мали компири, се мијат и варат.

Се лупат и се пасираат додека се топли, па така ќофтињата се цели и без јајца.

Се става нане со бибер и сол, се меша.

Се формираат ќофтиња и се ставаат во ладилник додека се топли да се стегнат, па се пржат на врело масло.

Се декорираат со кисело млеко, супер се.

Извор: Готви.мк

Предлог за денешен ручек

Вкусна посна проја по стар рецепт…

СОСТОЈКИ:

1,5 чаша палента

1,5 чаша пченкарно брашно

1,5 чаша бело брашно

сол

прашок за печиво

1/2 чаша масло

3 чаши кисела вода

сусам

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте ги брашната, па додајте лажичка сол, прашок за печиво, масло и кисела вода. Добро измешајте, па ставете во намастен и побрашнет калап. Додајте преку малку сусам. Печете околу 20 минути на 180 степени.

Извор: Готви.мк

Популарно