ВИДЕО: Новинарите не сакаа изјава од Заев

Синоќа, пред почетокот на лидерската средба, премиерот Зоран Заев сакаше да даде изјава за медиумите но новинарите незаинтересирано му порачаа изјава да даде по средбата.

Погледнете како изгледаше тоа:

ФОТО: Што учат нашите деца?

Досега многупати родителите реагираа на скандалозните лекции во учебниците на нашите деца и ги објавуваа на социјалните мрежи. Сега Ана Глигорова еден од главните борци против “теророт од извршителите” кон граѓаните открива скандалозна образовна програма со која децата се учат дека жените треба да седат дома за да не дојдат во ситуација да прават криминал.

Според авторите на учебникот по Социологија за втора година гимназија, жената ако е затворена во домот и нема никакви јавни улоги, таа ќе нема можност да направи кривично дело.

Проблематично е:

1) Зошто да биде жената затворена во домот? Затоа што е подредена под мажот, па тоа се подразбира?!

2) Ако е затворена (деструкција на квадрат) нема да прави кривични дела? На пример може да поттикне некого со зборови да направи крвично дело, баш затоа што е изолирана. Или, едноставно од насобран гнев да направи тешко злосторство.

Мамицата во чипка ваша, учите деца. Вие сте пример за креатори на заблуда, измама, дискриминација и низа други кривични дела со вакви објаснувања, и треба соодветно да бидете санкционирани, а овој учебник забранет. МОН се читаме ли?”, ги прашува Глигорова образовните власти и владата.

Пронајдено е момчето кое се изгубило кај кејот

Дванаесетгодишниот Мартин за кој преку Фејсбук беше кажано дека е исчезнат попладнево бил пронајден, објави 24инфо. Мартин претходно последен пат бил виден на кејот на Вардар во Аеродром, но бил пронајден кај Авиончето во Ново Лисиче.

Популарно