7 врски помеѓу хороскопски знаци кои се осудени на пропаст

На некои парови ниту ѕвездите не им се наклонети еве кои се:

Јарец и Стрелец

Овие два знака се сосема различни. Луѓето родени во знакот на Јарец многу лесно се разочаруваат, иако тврдат дека љубота не им е важна, сепак сонуваат да ја пронајдат својата сродна душа.

Лав и Риби

Лавовите сакаат да се предадат целосно на партнерот, не толерираат жалења и песимизам, па затоа би биле разочарани и фрустрирани од врската со Риби.

Водолија и Бик

Водолијата е знак кој секогаш се стреми кон својата слобода и неоптовареност. Ова е причината зошто човекот роден во знакот Бик е најлошиот можен избор за Водолијата  затоа што Бикот бара стабилност и постојана врска.

Вага и Шкорпија

Вагата бара љубов на долги стази, посветеност, мир и лојалност. Скорпијата не може да биде ништо од тоа затоа што е крајно песимистичка, мрзлива и безгрижна.

Овен и Девица

Луѓето родени во Овен се многу едноставни, неоптоварени и не сакаат да разговараат за љубовни прашања. Затоа Девицата е лош избор за Овен, поради постојаната потреба за внимание и нејзината комплексност.

Бик и Близнаци

Иако Биковите се одличени за врска и се многу толерантни, но и тие не можат да толерираат баш секого. Близнаците е тешко да се скротат и покорат, па лојалниот знак како Бик може да го доведе само до лудило.

Рак и Стрелец

Раковите се емотивни и бараат вистинска љубов, која за жал не можат да ја најдат кај Стрелецот. На ракот му треба некој кој ќе се труди околу него наоколу и ќе му покаже вистински емоции и љубов.

Дневен хорoскоп

Овен 

Ве очекува емоционален повик од некој близок пријател, кој има многу грижи. Излезете му во пресрет и поканете го на ручек, после завршувањето на работното време. Што се однесува на љубовта, бидете внимателни, не верувајте им премногу на додворувачите.

Бик

Прифатете го фактот дека денес едноставно не е ваш ден. Наместо да се преоптоварувате со тоа и да се нервирате затоа што извршувањето на дадените задачи не ви оди од рака, подобро би било да се одморите. Некој добар филм е секогаш решение за стресот. Релаксирајте се!

Близнаци

Престанете да бидете дрски и бидете љубезни со сите. Никогаш не знаете кога некој ќе ви затреба. Вечерва, излезете со пријателите на кои им недостигате во последен период поради вашата презафатеност. Можеби ве очекуваат изненадувања.

Рак

Ќе успеете да направите промени во вашиот љубовен живот. Во попладневните часови ќе имате прекрасна средба со вашите пријатели. Дајте шанса на секого да зборува. Избегнете го вклучувањето во расправии и кавги со припадниците на знакот Бик од вашето опкружување.

Лав

Може да бидете вознемирени поради тоа што имате пропуштено некоја работа со неполно работно време или поради инвестицијата која се има покажана како непрофитабилна. Би можело да се почувствувате дека ништо не се одвива на вашиот посакуван начин и дека секој е против вас.

Девица

После еден подолг период на разочарување во социјалните и емотивните области на животот, изненадувачки ќе бидете успешни. Оваа изненадна промена ќе ве поттикне да размислувате. Ви се советува да ги искористите овие поволни околности. Бидете внимателни и уверете се дека нема ди ги разочарате пријателите!

Вага

Денеска ве очекува голем престврт на настаните. Некој ваш поранешен партнер повторно ќе ви ги искаже своите чувства. Доколку тоа е она што го сакате, на повидок е една старо-нова романса. Во вечерните часови организирајте собир со пријателите.

Шкорпија

Денешниот ден ќе ви помине во знакот на доброто расположение. Ќе поминете неколку прекрасни часови во прегратката на вашиот партнер, а тоа дополнително ќе ви го разубави денот. Во вечерните часови излезете на кратка прошетка.

Стрелец

Имате потреба да воведете некои промени во вашиот живот, но сѐ уште не знаете кои ви се приоритетите. Послушајте го вашиот внатрешен глас или совет од некоја личност која добро ве познава, и нема да згрешите. Доколку планирате некое патување, испланирајте ги однапред сите трошоци.

Јарец

Доколку сте доволно искрени, потребно е да ја преземете одговорноста за вашите постапки. Докажете си на себе и на другите дека можете да ги исполните дадените ветувања. Денес препорачливо ви е да избегнувате премногу напорни или стресни ситуации.

Водолија

Понекогаш не е лесно да се оствари некаков договор, па затоа внимавајте кои зборови ги користите во друштво на вашите соработници. По завршувањето на работното време можете да се опуштите со вкусен ручек со вашата сакана личност.

Риби

Имајте на ум дека сите моментални проблеми можат да се решат во присуство на блиска личност, не потпирајте се само на себе. Конечно, желбата за долгоочекуваниот повик од некоја личност ќе ви стане реалност. Можно е да ве покани на кафе. Среќно!

Овие 3 хороскопски знаци во март ќе запливаат во пари

Сè што е поврзано со парите и хартиите од вредност, ќе биде успешно за овие три хороскопски знаци Јарците можат успешно да инвестираат. Во рок од 3 до 4 месеци, вашите инвестиции ќе започнат со генерирање на приходи.

Првично, парите ќе бидат мали, но ако имате доволно трпеливост и сè се пресметува правилно, тогаш до крајот на годината ќе заработите многу добри пари.Уште во овој ден, претставниците на потпишување можат да планираат големи набавки, дури и недвижнини.

Претставниците на знакот Риби одлично управуваат со своите финансии. Тие се на мислење дека мораат да заработат свои пари. Ќе можат да вршат многу профитабилни зделки со недвижнини.

Третиот знак што ќе може да заработи многу пари е Стрелецот. Претставниците на знакот се многу одговорни во справувањето со финансиските прашања.Тие не започнуваат ништо, освен ако мислат дека сега е вистинското време за инвестиција. Тие можат да профитираат од интелектуална сопственост и да го продадат своето знаење умешно.

Дневен хорoскоп

ОВЕН

Иако вашите очекувања не се преголеми, денес е неповолен ден за вас, па тешко дека ќе успеете да остварите дури минимум од планираното. Пред вас е период во кој ќе имате нови случувања на љубовно поле. Водете сметка за стомакот.

БИК

Може да се надевате дека ќе успеете да ги преболите проблемите и да ги исправите пропустите кои сте ги направиле во претходниот период. Со саканата личност имате повеќе проблеми отколку што очекувавте. Избегнувајте цигари.

БЛИЗНАЦИ

Пред вас е ден во кој ќе имате многу стресни околности. Подгответе ги своите нерви за напорен период. Вашата тврдоглавост е најголем проблем во врската. Ќе биде потребно малку повеќе да се прилагодувате на партнерот. Проблеми со варењето.

РАК

Може да очекувате реализација на вашите планови. Пред вас е добра фаза во која ќе имате интересни случувања. Денес ќе остварите контакт со личност со која ќе посакате убава љубовна врска. Проблеми со грлото.

ЛАВ

Денес е поволен ден за промени на работно поле. Може да очекувате можност за преоѓање на друго работно место. Наскоро ве очекува ново познанство. Ако сте веќе во брак или врска, можни се проблеми. збегнувајте прејадување.

ДЕВИЦА

Конечно напредувате кога станува збор за работата, подготвени сте за важни чекори и промени во иднина. Ве очекува средба со личност која ви се допаѓа и се надевате дека наскоро ќе започнете врска со неа. Чувствителен уринарен тракт.

ВАГА

Ве очекуваат нови околности на работно поле. Ќе ви биде потребно време да се прилагодите на промените. Денес ќе запознаете нова личност. Ве очекуваат многу можности за флерт, врска. Водете сметка за нискиот притисок.

ШКОРПИЈА

Ве очекува одличен ден на работно поле. Ќе успеете да ги остварите сите планови. Немате потполно исти интереси со саканата личност, ве очекуваат некои кавги, несогласувања и тензија. Нагласен пад на имунитетот.

СТРЕЛЕЦ

Избегнувајте ризични потези на деловно поле. Пред вас е период во кој ќе имате многу компликации. Ве очекува интересен настан и подготвени сте да им се препуштите на емоциите. Очите ви се чувствителни.

ЈАРЕЦ

Денес може да остварите многу добра соработка која во иднина ќе води кон поголемо напредување. Сѐ повеќе се сомневате во своите чувства и ви се чини дека доаѓа време да ставите точка на односот со саканата личност. Проблеми со стомакот.

ВОДОЛИЈА

Денес ве очекуваат значајни случувања на деловно поле. Пред вас е добар период за важни одлуки. Ќе имате многу самодоверба и ќе успеете да ја заведете личноста која ви се допаѓа веќе подолго време. Добро се чувствувате.

РИБИ

Може да очекувате многу поволен ден кога станува збор за работата. Среќата е на ваша страна. Можеби сте разочарани од саканата личност бидејќи не ги исполни вашите очекувања. Проблеми со тироидната жлезда.

Популарно