Во оваа земја има 10 илјади луѓе кои имаат 100 години

Канада  минатата година забележа рекордно зголемување на популацијата, што се претпоставува дека е резултат на миграцијата, но во исто време, населението во таа земја  се повеќе старее.

Така според најновите податици за првпат во земјата се регистрирани над 10.000 луѓе кои се на возраст од 100 години .

Според официјалните бројки од минатата година, населението во Канада  се зголемува секоја минута за едно лице.

Јадете ја оваа салата за вечера и за три дена ќе изгубите и до 6 килограми

Доаѓа лето и сите сакаме да изгледаме најдобро.

За да се ослободите од вишокот килограми, ве советуваме да го пробате овој рецепт за салата, кој е идеален за појадок и вечера и ќе го промени вашето тело.

Состојки

  •      Зелка
  •      Репка
  •      Моркови
  •      Сок од лимон
  •      Маслиново масло

Изрендајте зелка, цвекло и моркови во сооднос 3: 1: 1. Кога ќе ги изрендате, додадете билки по вкус (магдонос, целер...).

Промешајте го зеленчукот , а потоа додадете малку сок од лимон.

На крај, додадете маслиново масло или некое друго растително масло по ваш избор. Не посолувајте ја салатата и тоа е тоа!

Вашиот оброк е подготвен, јадете ја оваа салата за вечера три дена и ќе ги видите првите резултати што ќе ве воодушеват.

Денеска е Духовден – Слегување на Духот Свети (Втор ден)

Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Еруса¬лим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител. На десеттиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици.

Тоа е конкретниот настан. Но, за црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време па се до денес не ја напушта црквата. Духот е критериум за се што се случува во црквата и на општ и на личен план. Во таа смисла, Духот од оној ден во Ерусалим непрестано слегува врз црквата на Литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен.

(Фото) Браќа близнаци спроведоа истражување: Еден јадеше само месо, другиот беше веган

Хуго и Рос Тарнер се идентични близнаци кои решиле да истражат за своите тела и изглед, односно како се менува во однос на исхраната.

Дванаесет недели, Хуго (лево на фотографиите) јадел само веганска храна и следел веганска диета, додека неговиот брат близнак јадел сѐ и голема количина месо, со цел да ја утврди разликата, пренесува boredpanda.com.

Хуго, кој се придржуваше на веганската диета, на крајот од експериментот изгуби килограм маснотии а доби 1,2 килограм мускул. Една студија покажа дека луѓето кои се придржуваат кон веганската исхрана, губат околу два килограми повеќе од оние кои во диетата јадат месо.  Хуго исто така вели дека оваа диета му помогнала да има повеќе енергија.

„На веганската исхрана мојот ментален фокус беше многу подобар, немав падови на енергијата, имав повеќе енергија“.

Мерењата покажаа дека неговото ниво на холестерол сега е пониско (до крајот на студијата паднал од 5,9 на 4,9, а пет се сметаат за здрави). Експертите исто така ја анализирале столицата на близнаците и откриле дека Хуго, кој се придржувал на веганска диета, имал повеќе добри бактерии во цревата, што значи дека тој има помала шанса да заболи од хронични заболувања како што се дебелината и дијабетес тип 2.

Од друга страна, Рос, кој јадел месо за време на овој експеримент, во период од 12 недели добил 2,8 килограми маснотии, но и четири килограми мускули. Додека неговиот брат близнак рече дека е полн со енергија, Рос забележал чести промени во нивото на енергија.

„За мене беше поинаку отколку за Хуго. Јас бев многу гладен помеѓу 10 и 11 часот, имав ненадејно кревање и паѓање на енергија. Исто така, носевме и монитори за гликоза, забележително беше дека имав промени „горе-долу“. , додека кај Хуго нивото беше постабилно “, рекол тој.

 Кај него не е забележана промена во нивото на холестерол, но забележано е дека има помалку различни бактерии во цревата, но нема забележително зголемување на добрите бактерии. Иако, според овие податоци, може да се каже дека веганската диета е поздрава, факт е дека и двата типа диети имаат и против и против.

“Веганската диета има свои добри страни, исто како и јадењето месо. Мислам дека ниту една од нив не се покажа како подобра. Ние ќе јадеме и едно и друго, ќе има денови кога нема да јадеме месо и ќе јадеме веганска храна повеќе, но исто така и денови кога ќе јадеме квалитетно месо. Така ќе го искористиме најдоброто од двете диети “, рече Хуго.

Популарно