Вработи се во Тиквеш, Систина Нефроплус, Монета

Винарска визба Тиквеш има 3 отвориени работни позиции:

СОРАБОТНИК ЗА ФИНАНСИИ: https://kariera.mk/job/pldxxxLHwEeyyWbxp7FACQ/sorabotnik-za-finansii

СОРАБОТНИК ЗА ЛОГИСТИКА - СКОПЈЕ: https://kariera.mk/job/gBclAm5mqEWiiaT7uwccYg/sorabotnik-za-logistika-skopje

СОРАБОТНИК ЗА ЛОГИСТИКА - КАВАДАРЦИ: https://kariera.mk/job/cxJcDs4joUGJxEudihLw0w/sorabotnik-za-logistika-kavadarci

ПЗУ Систина Нефроплус објавува оглас за работни места лоцирани во СКОПЈЕ - КООРДИНАТОР НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ - За дијализни центри во западен реон и КООРДИНАТОР НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ - За дијализни центри во источен реонhttps://kariera.mk/job/LEex2nHXu02PFqTPVNIZSw/koordinator-na-medicinski-sestri

Прима Оптика го проширува својот тим со АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА: https://kariera.mk/job/qj3flAyxc0yOdpTJCgL9qA/asistent-za-prodazhba

Нето плата во висина од 23.000 денари за работа во Реплек Фарм како ОДРЖУВАЧ ВО ПРОИЗВОДЕН ПОГОН: https://kariera.mk/job/zjydKlIUkEKkL-oYmQAd5A/odzhuvach-vo-proizvoden-pogon

Дрогерија Дама на Црногорското приморје има потреба од ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ: https://kariera.mk/job/GHDWz0OM00Wc17-jaM38jg/diplomiran-farmacevt

Царовска: Според статистичката пресметка четиричлено семејство може да го помине месецот со 17.000 денари

Министерството за труд и социјална политика не може да ги базира своите политики врз основа на субјективните пресметки за тоа колку пари се потребни за да се помине месецот.

Министерката за труд и социјална Мила Царовска за Детектор вели дека според „лајкин индикаторите“ на едно семејство со две деца до 14 години и двајца родители месечно му требаат околу 17.000 денари.

Многу е субјективно за да може да кажеме колку би изнесувала. „Лајкин индикаторите“ кажуваат колку е. Вас ви требаат 203.700 денари на годишно ниво, четиричлено домаќинство со две деца до 14 години двајца возрасни. И тоа е речи си до минимална плата на месечно ниво. Тоа е како една пресметка. Ако одиме на синдикалната кошничка таа вели 32.000 денари, а тоа е два пати по ова што е тука пресметано. Но ако велиме квалитет на живот кој што значи се што ни недостига и се што одредено семејство му треба и сака да го прави, таа може да оди многу повеќе. Но не можеме да дискутираме и да креираме политики врз база на претпоставки. Сепак оние бројки кои што ги пресметува или синдикатот или Статистика како „лајкин индикатор“ треба да се основа за креирање на политики– Вели Царовска за Детектор.

Компанијата „Мајкрософт“ неодамна тестираше четиридневна работна недела

Компанијата „Мајкрософт“ неодамна тестираше четиридневна работна недела во своите канцеларии во Јапонија и откри дека работниците не само што биле посреќни, туку и значително се зголемила нивната продуктивност.

Во август, „Мајкрософт“ го започна проектот со кој на своите 2300 вработени им даде пет слободни петоци без намалување на платата. Скратените работни недели довеле до поефикасни состаноци, посреќни работници и зголемена продуктивност до 40 проценти.

Како дел од програмата, компанијата планира да ги субвенционира семејните одмори на вработените до 920 долари.

„Работи кратко време, одмори добро и научи многу“, изјави претседателот на „Мајкрософт“ во Јапонија Такуја Хирано.

„Сакам вработените да размислат за тоа и да искусат како тие може да го постигнат истио резултат со 20 отсто помалку работа“.

Покрај зголемената продуктивност, позитивна работа е што користењето на електрична струја се намалила за 23 отсто. Вработените испринтале 59 отсто помалку хартиени листови во пробниот период. Најголем дел од нив, 92 проценти, изјавиле дека им се допаѓа скратената работна седмица.

Ова не е првпат да се тестира скратена работна недела во корпоративниот свет. Во 2018 година, компанија во Нов Зеланд испроба четиридневна работна недела во рок од два месеци со своите 240 вработени. Нивото на стрес се намалило за 7 отсто.

Сепак, тестирањето на „Мајкрософт“ во Јапонија е само пилот проект. Се уште не е јасно дали овие промени ќе бидат воведени во канцелариите насекаде и на подолг рок.

Лидер: Фирма на министерката за финансии незаконски приредува игра на среќа

Мега скандал открива документот кој „свиркачи“ од Министерството за финансии го доставиле до редакцијата на „Економски Лидер“, според кој произлегува дека министерката Нина Ангеловска ќе одлучува дали таа самата направила проневера преку нејзината компанија „Групер“ со тоа што незаконски организирала игра на среќа.

Според документот кој го доставија свиркачите, постојат сериозни индиции дека сегашната министерка, како директорка и сопственичка на „Групер“, сторила сериозно кривично дело, за кое е предвидена висока затворска казна.

Повеќе за целиот скандал прочитајте на Лидер

Популарно