Тоше почина без да умре а ние кога ја слушнавме лошата вест, умревме без да починеме!

Зборови и зборови, милиони пати прераскажани, низ солзи, болка и многу тага. Секој октомври е тажен, затоа што ова е месецот на Тоше, а тажни се сите 12 години изминати без него. Нема збор и нема реченица која може да ја опише големината на човекот што повеќе го нема. 

Плачевме многу, плачеме сеуште (има и за кого да плачеме). Сигурен сум дека и ти плачеш во овој момент и сакаш да си барем две минути со нас. Ова се само дел од зборовите на Игор кои се дел од едно видео кое го споделуваме секоја година на овој ден. 

Седиштата полни, а срцата празни и празни...

Ужас мајка ја однела својата ќерка да сними пoрнo филм

Димитрис Сиринакис  е грчки режисер за еротски филмови  тој раскажува дека кога организира аудиција за своите филмови, никој не може да претпостави колку луѓе ќе се пријават .

Големи редови се создале во атинската населба Палео Фалиро, каде што мажи и жени од сите возрасти дошле на кастинг за порно актери.

Сепак, најголемо внимание привлекла една мајка која ја довела својата 25-годишна ќерка и барала од режисерот нејзината ќерка да глуми во филм за возрасни со 50 мажи.

И самиот режисер за грчките медиуми признал дека оваа приказна е вистинита.

„Да, дојде една мајка со нејзината ќерка. Трагикомично е тоа што имаше барање нејзината ќерка да глуми во филм кој целосно ќе се разликува од останатите. Кога ја прашав дали е свесна дека нејзината ќерка ќе глуми во порно филм, таа одговори: “Секако. Но доколку ја ставиш со еден маж тоа е веќе видено. Сакам 50 мажи кои чекаат на ред да спијат со неа. Е, тоа ќе има гледаност, а доколку не може тогаш нема воошто да глуми““ - изјавил сопственикот на продуцентската куќа “Сирина“.

Режисерот истакнува дека тие две воопшто не дошле од економски причини судејќи според тоа што мајката и ќерката изгледале сосема пристојно. Како што рекле тие, сексуално биле слободни и отворени за нови искуства.

„Двете изгледаа нормално. Беа убаво облечени, културно зборуваа и воопшто не изгледаа како да доаѓаат од некоја пониска класа на општеството. Ќерката дури имаше завршено и факултет“.

Како што вели режисерот, на аудициите воглавно доаѓаат луѓе кои се во тешка финансиска состјба.

„Се случи еднаш да дојде една мајка со нејзиното дете плачејќи: “Ме исфрлија од дома. Сакам да глумам само додека не се снајдам и додека не си го средам животот. Ѝ дадов пари и си замина. Никогаш не би искористил нечија таква ситуација за тој некој да глуми во мој филм“ - раскажал режисерот.

Видео: Тој бара само да му ја вратат сестричката

 Малиот Дејан  со својата приказна ќе ви го скрши срцето.  Тој пешачи  секојдневно по пет километри низ шума за да стигне на  училиште. Го дели креветот со баба, а живее во дрвена куќа без бања или вода, каде електричната енергија честопати се губи. Но, тоа не е најтешкиот дел од неговиот живот. Поточно, пред четири години, неговата мајка ја зеде помладата сестра и замина, а Дејан го остави – замина и никогаш не се врати.

До куќата на Дејан нема автобус, пешачи до училиште и назад двапати на ден. Најтешко е во зима, а на патот знаат да му се појават и диви животни, но малиот Дејан вели не се плаши

„Имаше мечка овде, но не сум исплашен. ќе се вратам дома, ќе отспијам додека не замине, вели храбриот мал човек, единаесетгодишниот Дејан Зориќ.

Дејан живее во стара дрвена куќа во село Агич во Хрватска. Куќата се распаѓа но за него таа е дом. Живее со неговата баба, Стена Зориќ, која му е поддршка и потпора , а за него вели такви деца можам да исчувам уште пет.

„Тој сам си пишува домашна задача, се облекува, чисти“, вели Стана.

Тато и дедото работат во рудникот и се повеќе на работа отколку дома. Тато спие во колибата што порано беше штала. Дедо спие на еден кауч а тој и баба делат еден кауч. Поради нејзините болки во нозете, спие речиси седната, па затоа вели дека не им е тесно.

Мајкаму го напушти пред повеќе од четири години. Едно утро ја зеде неговата помлада сестра и само замина. Таа одзеде некого што тој најмногу го сакаше, кого сè уште го сака најмногу.

„Кога замина, таа имаше четири, четири и пол години. Така, за една и пол година ја видов двапати и никогаш повеќе не ја видов“, вели тој, додавајќи дека името на неговата сестра е Дејана Зориќ.

Дејан – Дејана – Таа го доби името по него, а сега дури и не знае како изгледа. Не знае зошто мама заминала на таков начин, но знае дека тие живеат некаде наоколу, незнае каде точно, но успеал да ја пронајде на фејсбук.

„Ја најдов мајка ми на Фејсбук, имаше слика од неа. Испратив барање за пријател, но таа не ме прифати, го одби барањето“, рече Дејан и додаде дека искрено не знае што би и кажал на мајкаму да ја види, но би ја замолил да ја му ја врати сестричката.

Дејан ја носи својата тага со себе и ја мери храброста со солзи што не ги пуштил. Дури и море солзи не би било доволно за да се измие целата тага и сите тешки работи што ги преживува ова момче во животот. Но Дејан сè уште сонува за сестра и подобра иднина.

Дејан освен на училиште пешачи и за да вежба карате. Неговата волја го трогнала тренерот Милан. Малку денес има деца како Дејан, вели тој.

“Ние сме многу неблагодарни, особено во денешно време, кога апсолутно сè е обезбедено за деца. И тогаш е многу тешко кога ќе се најдете во ситуација кога ќе ја видите оваа друга страна, каде едно 11-годишно момче практично нема ништо”, рече тренерот на Дејан Милан Јованиќ.

Тренерот е и самиот татко на две момчиња, и се обидува колку може да му помогне, му купил патики и кимоно за тренинг, но не застанал тука. Тој и неговиот колега Владо Марјановиќ решија да преземат активности за да му помогнат на Дејан.

„Крајната цел е тој да биде во неговата куќа за Божиќ. Најдовме парче земја која е покрај патот и поблиску до училиштето, велат тренерите. Тие сакаат да купат монтажна куќа за Дејан и семејство – дом во кој повеќе не би требало да дели кревет со баба, во кој би имал своја соба.

Тој сè уште не разбира многу, но на единаесетгодишна возраст, тој знае премногу. И не треба многу години да се биде голем човек. Само треба да има неверојатна сила.

Видео сторијата погледнете ја на следниот ЛИНК

Гласајте за село Дорфулија

Селото Дорфулија кое се наоѓа во Општина Лозово, во областа Овче Поле, во близина на патот Велес – Штип, на повеќе локации во ова село е сниман наградуваниот документарниот филм „Медена земја“. Оваа локација се најде меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм. Изборот за најдобра локација се уште трае и може да се гласа до 30 декември на овој линк https://cineuropa.org/en/felaprofile/380513/#cm.

По третпат, Европската мрежа на комисии за филмови (EUFCN), во соработка со филмскиот портал Cineuropa , го организира изборот за најдобра европска локација за филм во филмската и ТВ-индустријата. Во првата фаза од натпреварот, секоја членка на EUFCN номинираше една локација од нивниот регион, односно земјата којашто е преставена во филмот, ТВ сериите или документарниот филм објавен помеѓу јануари 2018 и јули 2019 година.

Десетте локации во конкуренција за награда, од кои сите ја истакнуваат убавината и разновидноста на Европа, се:

Хрватска: Завршје -Piemonte d’Istria / Istria Film Commission, Robin Hood – Otto Bathurst

Грција, Атина: Hellenic Film Commission, The Little Drummer Girl – Chan-wook Park

Литванија, Вилнус: Vilnius Film Office, Chernobyl – Craig Mazin

Германија, Delphi Theatre : Berlin Brandenburg Film Commission, Babylon Berlin – Henk Handloegten, Tom Tykwer, Achim von Borries

Македонија, Дорфулија: Macedonia Film Agency, (Медена земја) Honeyland – Tamara Kotevska, Ljubomir Stefanov

Шпанија, El Hierro : Canary Islands Film, Hierro- Jorge Coira

Ирска, Luggala : Screen Ireland, Vikings – Мichael Hirst

Украина, Lviv : Lviv Film Commission, Eva.Stories – Mati Kochavi, Maya Kochavi

Италија, Rocca Guidonesca di Rocchettine / Roma Lazio Film Commission, Il Nome della Rosa – Giacomo Battiato

Белгија, Royal Brussels: Screen.Brussels, Les Miserables – Tom Shankland.

Популарно