Полицаец сопрел автомобил поради чудните меурчиња на предната гума

Полицаец во англиската покраина Дербишир минатата недела запрел автомобил со кој управувал возач кој едвај ги однел своите деца во училиштето.

На полиција вимание ѝ привлекла предната десна гума на автомобилот, на која имало ни помалку ни повеќе туку 13 меури.

Полицаецот го запрел и го испратил до најблиската гаража, каде што возачот ставил нова гума.

„Можеби оваа акција на возачот го спасила од трошоци за поправка. Или пак од нешто полошо“ – стои во објавата на Твитер од локалната полиција.

Вакви меури можат да настанат кога гумата е празна, а исто така некогаш настануваат од внатрешната страна па се невидливи. Поради тоа гумите треба многу често да ги проверувате затоа што не треба да се споменува што може да се случи доколку гумата пукне при голема брзина.

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно