Видео: Последните зборови на еден татко кој своето срце му го подари на неговиот син

Бидејќи времето истекувало многу брзо, а семејството немало толку финансии, колку што биле неопходни за операцијата, самиот татко решил да го подари своето срце на неговиот сакан син.

Таткото во ниту еден момент не се посомневал во својата храбра одлука.

Во еден момент, синот го прашал својот татко: -Тато, а што ќе ми подариш за следниот роденден?

Тогаш таткото решил да му напише писмо на својот син, насловено со зборовите „Ти го подарив моето срце“.

Ова е една многу трогателна, а воедно и поучна случка за многу луѓе. Бидејќи колку многу пари се трошат на бескорисни работи, а овој човек ја немал потребната сума од која зависел нечиј живот, па според него, го направил најразумниот чекор. Еве кои биле последните зборови на таткото, кои ги напишал во писмото наменето за неговиот син:

„Здраво сине, Ти најдов ново срце… Едноставно посакав да ти кажам неколку нешта. Сакам секогаш да ја слушаш твојата мајка, бидејќи таа е твојата најдобра пријателка и бидејќи семејството е многу важно.

И девојките…Сè уште си мал за нив, но кога ќе дојде време и за тоа, однесувај се кон нив како кон принцези. И доколку си рекол нешто, и доколку си ветил нешто, направи го тоа, бидејќи твојот збор мора да вреди.

И доколку имаш можност да заработиш пари, искористи го тоа, дури и ако тоа понекогаш значи да ја наведнеш главата.

Не биди глупак како татко ти. Сè ќе биде многу полесно, доколку имаш пари. Не пуши цигари, не консумирај наркотици, секогаш обиди се да бидеш добар и чесен човек.

Доколку некој се обиде да те повреди, биди маж и заштити се. И внимавај лошите денови да не те скршат. Во животот има многу убави нешта.

Јас секогаш ќе бидам овде до тебе. Точно тука (посочува кон срцето). Ќе се видиме подоцна сине.

Те сакам! “

Јосип: Три години немав покачување, а Германците веднаш ми дадоа 2.500 евра

Јосип Хорват од Ивановац три години во својата земја не можел да добие покачување од 400 куни, односно коефициент кој му следува за работното место, кое било специфично, а во Германија веднаш добил 2500 евра плата.

Но, објаснува дека на Германците им било потребно помалку од еден час време за да сфатат колку вреди неговото искуство, сертификати и знаење, пишуваат хрватските медиуми.

Се пријавил за работно место заварувач во Германија, по што му понудиле 12 евра по работен час, но откако кажал дека знае германски јазик, сумата скокнала на 18 евра.

Но, тука не завршило, откако раскажал колкаво работно искуство има, крајната сума била 20 евра.

По три месеци за работен час почнале да му исплаќаат по 24 евра, а му понудиле и од 200 до 400 евра помош за плаќање на стан.

Хорват вели дека работата е физички тешка, но се работи со нормално темпо, без брзање и притисок.

Тој работи во голема фирма, која извезува во Америка и има 300 вработени.

„Овде се смета за штета ако фирмата не искористи нечие знаење и вештина“ – вели тој.

За секој бравар, монтер или заварувач кој ќе го однесе од Хрватска во Германија, газдата му нуди од 200 до 300 евра.

Халид Бешлиќ го изгуби едното око во ужасна несреќа, а пред 6 години едвај

Музичката легенда Халид Бешлиќ почина вчера, 7 октомври, на 71-годишна возраст по кратка и тешка болест.

За време на својот живот, или поточно пред 16 години, Халид доживеа сериозна сообраќајна несреќа во која го изгуби едното око. Точно 10 години по тешката несреќа, Халид мораше да се оперира и на другото око.

Потоа Халид откри дека има проблем со катаракта на левото око, која станала многу сериозна, бидејќи постоела можност целосно да ослепи.

Докторот ја отстрани мрежата од моето лево око, која ми предизвикуваше проблеми и ми го уништуваше квалитетот на живот, а сега повторно можам да гледам совршено. Сега можам да гледам толку добро што воопшто не морам да носам очила, но тие ми значат психолошки поради моето десно око, кое го немав со години, а го изгубив во сообраќајна несреќа. Со очила, се чувствувам како да е функционално иако не е, но има само протеза што игра улога на око за да изгледа како да е таму. Што се однесува до моето лево око, дури сега кога го решив проблемот, гледам колку бев хендикепиран и колку е тешко да се биде слеп – искрено вели босанскиот пејач Халид Бешлиќ.

Бешлиќ, исто така, се присети на десетгодишнината од несреќата во која речиси загина и нагласува дека животот треба да се слави, бидејќи никогаш не знаете што ве чека зад аголот.

Животот треба да се слави затоа што згаснува во еден миг. Поминаа десет години откако излетав од патот и го изгубив окото. Никогаш не знаеме што нè чека утре. Јас сум среќен и задоволен човек, иако веќе не сум млад ниту здрав. Оддаваме почит на она што го правевме и како живеевме. Што се однесува до мене, го сакав животот, и многу го сакав. „Којзнае колку ноќи поминав во меаната, не грижејќи се што или колку јадев и пиев“, вели Халид, брзо се корегирајќи за никој да не помисли дека повеќе нема енергија за меаната.

Популарно